1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Иванов бара членство во НАТО без решавање на спорот со Грција

Македонскиот претседател во Брисел порача дека и други земји се зачленувале во Алијансата без решение на билатерални спорови. Расмусен останува на ставот дека проблемот со името мора да се реши.

default

Македонија и без решение на спорот со името во Грција може да стане членка на НАТО, бидејќи во минатото многу земји без решение билатерални прашања станале дел од алијансата, оцени македонскиот претседател Ѓорге Иванов во Брисел, по средбата со генералниот секретар на НАТО, Андерс Фог Расмусен.

Иванов побара грчките политички елити да покажат волја за деблокада на македонското членство во Алијансата.

„Изјавата на Клинтон беше за нас оптимистичка, затоа што прашањето поради кое сме надвор од НАТО е билатерално прашање. Во минатото многу земји без решени билатерални прашања станале членки на НАТО. Тоа ни буди надеж дека е можно и за нас такво решение. Самата Грција пред да стане членка на НАТО не си ги затворила многу прашања со соседите, па станала членка на НАТО. Тоа укажува дека постои начин, ако има волја. Ако постои желба ќе се најде и начин. Затоа бараме од политичките елити, не од граѓаните на Грција, да постои желба да се дојде до решение. Кај нас постои, ние сме подготвени за решение и затоа не треба ниту самит на НАТО за да можеме да добиеме покана за членство“, изјави Иванов коментирајќи ја изјавата на американскиот државен секретар Хилари Клинтон дека самитот во Чикаго е последен без проширување.

Расмусен, пак, од своја страна, го повтори ставот на Алијансата дека Македонија ќе стане членка на НАТО во оној момент кога ќе се надмине спорот за името со Грција.

„Прво, имам силна желба да ги видам сите држави од Западен Балкан интегрирани во ЕУ и НАТО и се надевам дека ќе видам прогрес во тој поглед. Го разговарав тоа со претседателот денеска и навистина имам силна желба да ја видам ваша земја како членка на НАТО. Вие направивте многу за да ги исполните потребни критериуми за членство. Второ, сепак постои едно крупно прашање – тоа е прашањето за името. Сите знаеме дека е многу важно Скопје и

NATO-Generalsekretär Rasmussen Libyen

Андерс Фог Расмусен

Атина да најдат взаемно прифатливо решение во рамките на преговорите по покровителство на ОН и ги повикувам сите вклучени политички лидери да направат дополнилтелни напори и да дадат се од себе за наоѓање на прагматично решение во таа рамка. Морам да нагласам дека ние донесовме одлука во Букурешт во 2008 година дека сме подготвени да доделиме покана за почеток на пристапни преговори веднаш што најдете заедничко прифатливо решение. Таа одлука се‘уште важи, ние стоиме зад неа и сме подготвени да доделиме покана штом се изнајде решение на спорот за името“, рече Расмусен, посочувајќи дека тоа е позиција на сите земји-членки на Алијансата.