1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Иванов бара помош од Обама

Македонскиот претседател Ѓорге Иванов побара од американскиот претседател Барак Обама натамошна поддршка за деблокада на интеграциите во НАТО и помош за надминување на прашањето за името.

default

Претседателот Иванов и претседателот Обама (архива)

Во краткиот разговор со Обама на маргините на НАТО-самитот во Чикаго, Иванов апелираше до американскиот претседател да го искористи своето влијание за Грција да почне одговорно и конструктивно да учествува во процесот и да се придржува до рамката во која се водат разговорите, што е предуслов за заемно прифатливо решение.

Американската државна секретарка Хилари Клинтон во Чикаго изјави дека САД остануваат посветени на политиката на отворени врати за членство во НАТО, изразувајќи надеж дека ова е последниот Самит што ќе помине без покана до нови членки на Алијансата. Осврнувајќи се на Македонија, со пофалби за значајното учество на македонските војници во мисијата во Авганистан, ги повика Скопје и Атина да го решат прашањето за името, за да може Македонија колку е можно побргу да стане НАТО членка.