1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Иванов бара НАТО да се преиспита

Македонскиот претседател повторно апелира до Алијансата на самитот во Чикаго да се земе предвид пресудата од Хаг.

default

Ѓорге Иванов

Македонија е попречена на патот кон НАТО од апсурден, наметнат спор, хашката пресуда треба да се испочитува на самитот во Чикаго, а земјите членки на НАТО треба да ги преиспитаат позициите во однос на членството на Македонија.

Ова го изјави македонскиот претседател Ѓорге Иванов во своето обраќање на конференцијата под наслов „Улогата на активниот состав и на резервата на вооружените сили во поддршката на нивните мисии и задачи во регионалната и глобалната безбедносна средина во 21 век“.

„Не сме задоволни, но не сме ни обесхрабрени. И покрај незадоволството, ние нема да го напуштиме партнерството. И покрај препреката, остануваме фокусирани на она што е наш дел од обврските. Исправноста на нашето досегашно одговорно однесување беше само потврдена со пресудата на Меѓународниот суд на правдата. Пресуда што нуди нова, правна димензија и бара нов пристап од сите земји членки на НАТО. Пристап кој значи почитување на пресудата и на меѓународното право. Сево ова подразбира дека земјите членки на НАТО треба да ги преиспитаат нивните позиции во однос на членството на Македонија во НАТО. Почитувањето на пресудата, на меѓународното право и, конечно, на Времената спогодба, налага во Чикаго да биде преиспитан заклучокот од Букурешт“, рече Иванов.

На конференцијата присуствуваше и министерот за одбрана Фатмир Бесими, кој порача дека НАТО и ЕУ се стратегиски приоритети за земјата.