1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Иванов бара експертска комисија за настаните од 24 декември

Претседателот Ѓорге Иванов покрена иницијатива за формирање објективна непартиска експертска комисија за утврдување на фактите за настаните од 24 декември 2012 година во и пред Собранието.

Како што соопшти Кабинетот на претседателот, писмото со иницијативата е испратено до претседателот на Собранието на Република Македонија, Трајко Вељаноски, до премиерот Никола Груевски и до претседателот на СДСМ Бранко Црвенковски.

„Република Македонија се наоѓа во еден исклучително значаен период поврзан со реализацијата на поставените стратешки цели. Последниот заклучок на Европскиот совет, иако не ги исполни нашите очекувања, сепак претставува перспектива за следниот чекор во евроинтеграцијата, добивање датум за почеток на пристапните преговори. Настаните кои претходеа, но кулминираа на 24 декември 2012 година во и пред Собранието на Република Македонија, претставуваат предизвик на овој пат, на кој како држава мора да дадеме одговор“, наведува претседателот Иванов во писмата упатени до Вељаноски, Груевски и Црвенковски.

Mazedonien Zwischenfall im Parlament von Skopje

Се бара независна оценка за настаните во Собранието

Во него додава дека е потребно сите заедно да вложат максимални напори да се исправи негативната слика која се создаде за Република Македонија. „Во таа насока, повикувајќи се на нашата последна средба со комесарот Штефан Филе, имајќи ги предвид државните и интересите на нашите граѓани, одлучив да иницирам формирање на објективна непартиска експертска комисија која ќе има мандат да ги утврди фактите за споменатите настани. Во овој момент не гледам, не можам да видам друг начин за утврдување на фактите и објективно согледување на ситуацијата. Предизвиците кои ни се наметнаа како на држава и кои стојат на патот на напредокот мора да се надминат, за да не се остварат замисли за нашата иднина кои, никому, кој го посакува најдоброто за Република Македонија не му одат во прилог“, наведува претседателот во писмата.

Според иницијативата, Комисијата ќе има пет членови, од кои еден експерт ќе биде предложен од претседателот на државата, еден од владејачкото мнозинство, двајца од опозицијата и еден странски експерт без право на глас кој би бил предложен од претседателот на Собранието. Претседателот на комисијата би бил предложен од шефот на државата, но избран со консензус.  Комисијата ќе има единствено мандат да ги утврдува фактите за настаните од 24 декември 2012 година, но и настаните кои претходеа на тој ден.

Претседателот се надева дека предлогот ќе биде прифатен и ќе бидат предложени експерти како членови на комисијата од страна на претседателот на Собранието, на Владата и лидерот на СДСМ.