1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Ибрахимовиќ ја победи Англија

И покрај тоа што вчерашната пресметка не понуди возбудлив фудбал германската репрезентација може да биде задоволна од играта против Холандија. Македонија одлична против Словенија.

Во изјавата по мечот, кој заврши без голови, селекторот на германската репрезентација Јоаким Лев изјави дека неговиот тим покажал добар фудбал во последниот натпревар за оваа година, но сепак двете репрезентации на теренот во Амстердам делуваа како прерано да се подготвиле за хибернација.

Германија настапи без клучните играчи Бастијан Швајнштајгер, Тони Крос, Семи Кедира и Мирослав Клозе, кои поради повреди и болести отсуствуваа од тимот. Марио Геце беше дел од нападот, следен од Марко Ројс, Томас Милер и Луис Холтби.

„За мене, ова беше добар меч”, рече Лев по завршувањето на натпреварот. “Настапивме со нестандарден тим, во недостиг на голем број од клучните играчи. Покажавме и добра одбрана, што посебно ми значи, затоа што лошата дефанзива беше причина за претходниот неуспех”.

Македонија одлична против Словенија

Фудбалската репрезентација на Македонија и покрај отсуството на осум стандардни фудбалери, триумфираше над Словенија со 3:2, во контролниот натпревар на арената Филип Втори во Скопје. За националниот состав ова беше 50- та јубилејна победа во историјата.

Избраниците на Чеде Јаневски првите два гола ги постигнаа во првото полувреме. Водството го донесе Дарко Тасевски, а дебитантот Адис Јаховиќ беше стрелец на вториот погодок. Противникот ја намали предноста во вториот дел преку Печник, а две минути подоцна Агим Ибраими го запиша третиот гол за македонскиот состав. На Печник му припадна заслугата за вториот гол за Словенија и за резултатската неизвесност од 3:2 , која остана до крајот.

Гол за паметење на Златан Ибрахимовиќ

Спортската јавност беше импресионирана од играта на Златан Ибрахимовиќ кој

Länderspiel Deutschland Niederlande

Момент од дуелот Холандија- Германија

ги постигна сите четири голови за Шведска во пријателскиот натпревар со Англија (4:2). Фудбалерот на ПСЖ го заокружи своето гол шоу во 90-та минута,кога ја искористи грешката на голманот Џо Харт и со ножички од 30 метри постигна еден од најубавите голови во фудбалот воопшто.

На другите поинтересни пријателски натпревари Италија доживеа пораз од Франција 1:2, исто како и Полска на домашен терен од Уругвај 1:3. Србија, репрезентацијата над која Македонија триумфираше минатиот месец, славеше над Чиле со 3:1. Актуелниот европски и светски првак Шпанија со убедливи 5:1 ја победи Панама, а без победник (1:1 )одиграа Колумбија и Бразил. Натпреварот мина во знакот на Нејмар, кој прво се запиша на листата на стрелци, а подоцна промаши пенал.