1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Зулфи и Дрвениот мост во Струга

Зулфи Бујари од Струга хуманоста ја покажува на необичен и оригинален начин - менува штици на Дрвениот мост, светилки во болниците. Не барам благодарност, правам се‘ за општо добро, вели чичко Зуле.

default

Зулфи Бујари

Зулфи има 75 години и околу 30 години живеел и работел во Америка. Од почетокот на 2000 година се‘ почесто е на релацијата Македонија - САД. „Шест месеци таму, исто толку овде со сопругата“, вели Зуле. Го знае цела Струга и го сметаат за добротовор.

Дрвениот мост во рацете на чичко Зуле

„Мене тоа ми е како должност во душата, кога гледам нешто дека е искршено, дека треба да се поправи. Како на пример, кај мостот на Црн Дрим. Цели 10

Zulfi Jakupi repariert ehrenamtlich die Brücke in Struga

Фали ли штица, чичко Зуле е тука!

години менувам штици и се‘.Тоа што сум го сторил, било самоиницијативно, без да барам надомест од некого, со мои пари. Тоа ми е задоволство, ме прави среќен.“

И не е важно, дали е зима или лето. Дали врне дожд,

паѓа снег или пука од жештина. Луѓето го научиле и штом ќе го виделе, му велеле: „Чико Зуле оди на мостот, фали штица.“

„Ќе земев метро, ќе мерев и одма во стовариште по штици со мојот автомобил и најдоцна за половина час ја затворав дупката. Така душата ми беше спокојна, да не падне некој, оти имало и такви случаи. Паѓале деца, стари луѓе.“

Чичко Зуле никој не го задолжил за ова, ама и во болницата сторил добро.

„Еднаш бев во струшката болница и видов дека многу светилки не работат по ходниците. Болните навечер се движеа во темница. Се разбирам од елетрика и ги заменив светилките.“

Пред нов предизвик - да се сочува општественото

Зулфи е витален човек, има две ќерки и еден син во Америка и дури 12 внуци. Тие му се најголемата

Der Fluss Crni Drim bei Struga in Mazedonien

Струга - во градот на Црн Дрим сите го почитуваат чичко Зуле

радост. Семејството не му пречи во овие хумани дела , напротив, како што вели - го поддржувале, зашто сфатиле дека таков е во душата. Дрвениот мост, како што го викаат во Струга, локалната власт дефинитивно го затвори и забрани поминување преку него. За кусо време најавуваат негова целосна обнова. Но, чичко Зуле нема да мирува има нов план и си постави нова задача:

„Кај спомен куќата на Миладиновци, додека не почнале Струшките вечери, ќе се обидам да ги заменам уличните дотраени, искршени и искривени светилки. Ќе бидам најсреќен ако успеам зашто ми се и пред мојата куќа, не можам да ги гледам такви.“

Времето минато со Зулфи ни‘ ја потврди неговата добрина и човечност. Сите негови сограѓани со почит му се обраќаа и гласно коментираа дека се ретки луѓето како него и дека ако ги имаше повеќе Македонија којзне каде ќе беше стигната!

Автор : Милчо Јованоски

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска

Поврзана содржина