Зубков - приоритети на новата влада | Вести | DW | 14.09.2007
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Зубков - приоритети на новата влада

*

Рускиот парламент денеска му изгласа доверба на новиот премиер Виктор Зубков. Предлогот за него дојде од претседателот Владимир Путин, кој претходно го отпушти досегашниот премиер Михаил Фрадков. При образлагањето на владината политика Зубков изјави дека стратешки приоритет ќе биде развојот на рускиот воено индустриски комплекс. Тој најави и формирање специјални сили за борба против корупцијата.

Зубков не ја отфрли можноста и да се кандидира на наредните претседателски избори во март 2008-та.