1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Зошто Црна Гора вработува сезонци од странство?

Во земјата која првпат оваа година бележи раст на невработеноста за време на туристичката сезона, дури две третини од сезонските работници се од странство, односно од земјите во регионот.

Доколку летувате на црногорското приморје, тешко дека ќе сретнете келнер како Александар Павичевиќ. Ова момче од Пљевља веќе пет години работи во еден од најлуксузните хотели на црногорскиот брег, во Будва. Необичен е затоа што е црногорски државјанин кој работи сезонски во Црна Гора. Тој објаснува: „Така ми одговара во моментов, затоа што студирам“.

Во Црна Гора оваа недела стапката на невработеност изнесуваше 30,5 илјади лица, или 1,2% повеќе од неделата претходно. Според извештајот на Заводот за вработување стапката на невработеност изнесува 13,14%. Претставниците на Министерството за труд и на Заводот за вработување во неформален разговор признаваат дека не знаат зошто повеќе Црногорци не работат сезонски, затоа што нема анализи за овој проблем.

Аријана Николиќ Вучиниќ, помошник на министерот за труд, вели дека „стопанствениците најверојатно веќе стекнале искуство со луѓето од регионот, па сега е тешко луѓето за кои знаете дека работат добро да ги замените со нови“.

Arijana Nikolic Vucinic

Аријана Николиќ Вучиниќ, помошник на министерот за труд

Претставникот на Унијата на слободни синдикати на Црна Гора, Звонко Павичевиќ, смета дека еден од одговорите е и мрзеливост, а согласен е со претставничката на Министерството за труд дека сезонските работи не се доволна мотивација за граѓаните од северот на земјата, затоа што тие не им го решаваат животното прашање. Од друга страна, според Павичевиќ, на работниците од регионот им е доволно да се на море неколку месеци, а помалку им е важно колку ќе заработат. Дека е донекаде во право, потврдува и случајот на Јелена Симеуновиќ од Белград, која веќе две години доаѓа во Црна Гора да работи како келнер.

„Работа најдов сосема случајно и ми се исплаќа, на море сум три месеци и убаво ми е“, вели таа.

Радуша Влаовиќ од Бијело Поље не верува во случајно наоѓање работа. Тој редовно оди во Заводот за вработување. Вели дека сите во семејството се невработени и дека би прифатиле секаква работа. Тврди дека никој не им понудил работа. „Два сина, имаат 25 години, никој не им нуди работа, а постојано се јавуваат во Заводот, одат на разговор. Ништо од работа.“

(Не)успешна државна кампања

Сфаќајќи колку е важно, особено во време на криза, парите од сезоната да остануваат во земјата, министерствата за туризам и за труд и социјална работа даваат поддршка, а Заводот за вработување ја реализира кампањата „Да ги вработиме нашите за сезонски работи“. На почетокот на кампањата, која стартуваше на почетокот на годинава, амбициозно тврдеа дека за време на сезоната има многу работа за младите, затоа што 70% од работите за кои се бараат работници се помошни, а останитиот дел се стручни. Иако и самите сега констатираат дека во оваа сезона има 67% странски и 33% домашни сезонски работници, претставниците на овие институции кампањата ја оценуваат како успешна. Тоа, според изјавите од Министерството за труд, го потврдува податокот дека се зголемил бројот на сезонци од Црна Гора во споредба со изминатите години: „Денес во Црна Гора работат околу 9 илјади сезонци, а минатата година имаше околу 8 илјади“, вели Аријана Николиќ Вучиниќ.

Владата не само што ги повикуваше работодавачите да ангажираат домашна работна сила, туку со ограничување на бројот на работните дозволи се обиде и да ги примора на тоа. Годинава се издадени 16,5 илјади работни дозволи, додека минатата година имаше 22 илјади дозволи за странци. Пред околу две недели, бројот на доозволи за странци, сепак, е зголемен за три илјади, со објаснување дека „новите“ дозволи ќе можат да ги добијат само работници со занимања кои се дефицитарни на пазарот на труд во Црна Гора.

Touristen aus Russland in Europa

Луѓето од регионот се подготвени да жртвуваат многу нешто за да заработат малку, тврди Павичевиќ

„Готвач е занимање кое е дефицитарно, тоа е квалификувано занимање и луѓе кои би барале таква дозвола, би ја добиле, но од друга страна, помошник готвач нема да може да добие таква дозвола“, објаснува Аријана Николиќ Вучиниќ.

Во Црна Гора сезонски најмногу има вработувања во градежнитвото - 23%, во туризмот и угоистителството - 20% и во трговијата - 16%. Ограничувањето на дозволите за работа на странци нема многу да им значи на домашните работници кои би работеле сезонски, убеден е претставникот на Унијата на слободни синдикати Звонко Павиќевиќ. Тој вели дека работодавачите ќе продолжат да вработуваат странци како и досега: „Најголемиот дел од нив не се осигурани, работат на црно, не им е обезбеден ниту минимум. Имам податоци дека за време на тие неколку месеци живеат во исклучително лоши услови. Луѓето од опкружувањето се подготвени да жртвуваат многу нешто за да заработат малку“, тврди Павичевиќ.