1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Зошто централните банки пумпаат пари?

Најважните централни банки во светот, во акција каква што досега не е видена, ги здружија нивните сили и со интервенција тешка милијарди, го спасија пазарот на пари од колапс.

default

Само вчера, Американската централна банка, ФЕД испумпа 180 милијарди долари. Овие пари, другите централни банки можат натаму да ги проследат до банките кои веќе немаат доверба една во друга и, речиси воопшто веќе не си позајмуваат пари. Кон тоа се приклучија и милијардите на Европската централна банка, Банк оф Ингланд и другите централни банки. Ваква акција немаше дури ни по нападите од 11 септември 2001 година.

Зошто Европската централна банка пумпа милијарди евра на финансискиот пазар и како тоа се случува?

Дали машините за печатење пари вртат побргу и камионите полни со пари возат наоколу? Се разбира не. Секоја банка има т.н. трговец со пари кој наутро проценува колку пари и‘ се потребни на банката и нејзините филијали тој ден. Парите ги набавува, а како гаранција остава хартии од вредност кај Централната банка. Таа во никој случај не ги подарува парите, туку за тоа бара камати, по правило тоа се познатите основни каматни стапки. Парите исто така, не се делат наголемо, туку по точно определена строга постапка. Доколку трговецот со пари при поделбата не ги исполнува стандардите и доколку случајно претстојат исплати на невообичаено многу кредити за хипотеки или претприемачки кредити, тогаш тој има проблем - има пари кои не се доволно. Тој може, меѓутоа, тој дефицит да го

Deutschland Lotto Geld 38 Millionen euro in ^bar

покрие со т.н. интерно тргување меѓу банките од некоја друга банка, во идеален случај од банка чијшто трговец со пари тој ден ги преценил нејзините дневни потреби од пари.

Кредитните стеги се причина за пресушување на финансиските пазари Од почетокот на финансиската криза, закана претставува она што банкарите го нарекуваат кредитна стега. Со оглед на тоа што ниту еден банкар не знае колку „гнили“ податоци има неговиот конкурент во своите акти, давањето кредити меѓусебе се движи околу нула, зашто не се знае дали парите некогаш ќе бидат вратени назад. Доколку банките немаат доволно ликвидниост, целиот банкарски систем пропаѓа. Ваква ситуација претстоеше во понеделникот. Тоа можеше да се види од фактот што банките за кредитите што ги даваат меѓусебно бараа осумпати поголеми камати од нормалните за вакви трансакции. Затоа централните банки во моментов се толку великодушни и даваат пари за финансиските пазари да не пресушат.

Многу брз пораст на количеството пари = повисоки цени Се разбира и сега камиони не ги развезуваат парите наоколу. Доволен е еден притисок на копчето на компјутерот. Во евро-просторот за 240 милиони граѓани има само 600 милијарди евра во физичка форма, значи во банкноти и монети. Најголемиот дел од парите со кои економијата и граѓаните секојдневно имаат работа егзистира само во форма на заштеди и побарувања во банковните досиеја или на матичните плочи на големите компјутери. Тоа се т.н. депозити.

Прашање е дали со ваквото гигантско проширување на количествата пари на централните банки не се поттикнува инфлацијата? Вообичаено, на една централна банка и‘ е најдраго кога порастот на количеството на парите е во хармонија со економскиот пораст. Доколку количеството пари расте пребрзо, без наспроти него да има соодветен економски потенцијал, тоа предизвикува раст на цените.