1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Зошто Харц 4 за истокот не чини?

Реформите во Германија се неопходни и за нив нема алтернатива, изјави лидерот на опозиционата ЦДУ, Ангела Меркел. Во интервју за Дојче Веле, таа побара перспектива за луѓето во Источна Германија. Во новите покраини, демонстрациите против социјалните реформи се посилни отколку на запад.

Петер Харц - раководител на комисијата која ги предложи реформите

Петер Харц - раководител на комисијата која ги предложи реформите

Во Источна Германија повторно се демонстрира секој понеделник, исто како во 1989-та. Овојпат не се работи за уривање на една диктатура, туку за повлекување на еден закон донесен во парламентот. Реформата на пазарот на работна сила, за која согласност има и од владеачката коалиција и од опозицијата, секој понеделник на улиците во новите покраини тера десетици илјади луѓе. Андреас Ерхолд, невработен транспортен работник ги организира протестите во Магдебург:

”Ние излеговме за да урнеме еден закон кој не носи во сиромаштија, што ни задава егзистенцијални стравови. Ако владата останува толку крута, рековме дека не сакаме да ја уриваме владата, а уште помалку да имаме ЦДУ-ЦСУ влада која само ќе ги заостри работите, но конечно никој во Берлин не смее да мисли дека се плашиме да ја земеме власта во свои раце.”

Тој сепак не сака да биде повторно во социјализам, уверува Ерхолд. Нему и на останатите демонстранти им е до сигурна работа. Но, изгледите за такво нешто се лоши. На истокот, на едно слободно место доаѓаат 30 кандидати. Невработеноста изнесува 20%, или двојно повеќе отколку на запад. Затоа, како што претпоставуваат демонстрантите во Источна Германија, ним новите ”Џоб центри”, што според владата треба да посредуваат за работа, ќе им донесат малку. Таму каде што нема работни места, нема и за што да се псоредува. Дотолку посилно во Источна Германија дејствува другата страна, на според владата, најважната реформа што е спроведена со децении наназад – кратењето на помошта за невработени. Владата има намера да заштеди околу три милијарди евра, ако во иднина на невработените веќе по една година им ја скуси помошта од државата радикално. Сеедно кој колку заработувал претходно, по една година добивање помош за невработени, сите ќе добиваат ниска социјална помош, или како што сега се нарекува Помош за невработени - 2. Тоа во новите покраини погаѓа значително поголем број луѓе, отколку во западните. И бројот на оние кои сосема ќе се загубат од мрежата на социјална помош, на исток ќе биде поголем. Зашто таму каде што партнерот заработувал пристојно, илис еуште заработува, невработениот не важи како лице на кое му треба помош. Тоа погаѓа особено голем број семејства од екс ДДР, каде жените во повеќето случаи исто така работеле. Кога и да настапи во источните покраини, канцеларот Шредер, деновиве жнее огорчени протести, како последниот во Лајпциг.

“Мислам дека канцеларот и натаму ќе го торпедира она што остана од социјалната држава, ако се може. Така не оди. ”

”Моето мислење е – тој треба да си оди.”

”Им се дава на богатите, а им се зема на сиромашните.”

Шредер досега се покажува непоколеблив, неговиот министер за економија, Клемент искажа длабоко неразбирање за демонстрантите. Шредер ја фали реформата, која треба да донесе работа пред се за долго невработените кои се под 25 годишна возраст. Тоа е особено важно за истокот, од каде младите скеојдневно се иселуваат на запад.

Премиерот на покраината Бранденбург, социјалдемократот Матијас Плацек, предупредува дека зад протестите се крие длабока фрустрација на луѓето до Источна Германија и чувствто на второкласност. Политички корисник на незадоволствот кај народот е пред се Партијата за демократски социјализам, која е единствена партија во парламентот, која не учествуваше во постигнувањето компромис околу реформата и затоа го поттикнува расположението против неа. Анкетите покажуваат, дека на претстојните покраински избори, ПДС во Бранденбург би го добила секој трет глас, а во Саксонија секој четврт. Во полет се и десните партии.