1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Зошто Србија се откажа од тужба за Варварин?

Во случајот Варварин, само Србија може да поднесе тужба против Германија или друга членка на НАТО. Зошто тогаш српската дрќава не стои зад подносителите на тужбата за случајот Варварин?

Во Карлсруе на 3. септември беше одбиена тужбата пред Уставниот суд поднесена од семејствата на жртвите на воздушниот напад на НАТО на мостот во Варварин на 30. нај 1999 година.

Тужбата претходно ги помина сите инстанци на германското правосудство, а Уставниот суд стави точка на целиот случај. Во нападот на НАТО загинаа 10, а беа ранети 30 цивили, од кои 17 - тешко.

Само Србија може да поднесе тужба

Германскиот уставен суд утврди дека во меѓународното право нема правила според кои при повредите на хуманитарното право поединци можат да барат отштета од некоја држава. Експерѕпт за меѓународно право од Бон, професор Штефан Талмон вели декаво случајот Варварин „само Србија може да поднесе тужба против Германија или друга земја на НАТО“. Овој став е значаен и за тековната постапка која се води во судотво Бон: членовите на семејствата на загинатите и повредените во нападот во авганистанскиот град Кундуз од 4. септември 2009. година ја тужеа Германија, барајќи отштета. Станува збор за нападот изведен од американски авиони, по наредба на германскиот полковник, а сега генерал, Клајн.

Schadenersatzklage gescheitert NATO-Angriff 1999 in Serbien

Тужителите - поединци доживеаја неуспех

Отштетата која ја бараат поединци е невозможна

За адвокатската канцеларија која ги застапува семејствата од Варварин, оваа важечка правна позиција е „исклучително конзервативна“, а е настаната врз основа на некогашните спорови на Греманија со Италија и Грција околу обештетувањето на жртвите од нацизмот. Еден од адвокатите на Варваринците, Волфганг Калек, вели: „Сметавме дека во денешно време на заштита на човековите права, постои обврска државите да плаќаат отштета, па дури и тогаш кога неа ја бараат самите индивидуи, без посредство на државата“.

„Србија мора да покаже зрелост“

Но, без оглед на ова, останува прашањето: зошто српската држава не стои зад подносителите на тужбата од Варварин? Милан Антонијевиќ, директор на белградскиот Комитет на правници за заштита на човековите права, вели дека тоа е тешко прашање:

„Србија не се потруди многу да се занимава со прашањето на репарациите на жртвите од судирите на просторот на бивша Југославија, па ни во овој сегмент кој се оденесува на бомбардирањето на Србија во 1999 година“.

Според Антонијевиќ, најверојатната причина за таквото однесување е желбата на српските власти да не создаваат тензија во меѓународните односи и да не ја расипуваат позицијата на својата држава. И покрај тоа, Србија ќе мора на ова поле да покаже зрелост и да се соочи со задачата, смета Антонијевиќ:

„Последиците на она што се случи во Варварин се исклучително тешки и со право може да се постави прашањето за одговорност на една држава, сепак, одлуката на Сојузниот уставен суд правно е коректна и не е политички мотивирана“, вели Антонијевиќ.

Надеж во Стразбур?

На жртвите од Варварин им останува само една можност - да поднесат тужба пред Европскиот суд за човекови права во Стразбур. Штефан Талмон проценува-шансите за успех се многу мали:

„Тоа не е случај за судотво Стразбур. Тој суд се прогласи за ненадлежен и во процесот ’Банковиќ’, кој исто така се однесуваше на бомбардирањето на НАТО“.