1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Зошто се смрзнуваме?

Сите луѓе се смрзнуваат, без разлика каде живеат, на Гренланд или во Африка. Но што се случува со телото, додека смрзнуваме? И дали телесните масти навистина заштитуваат од студ?

„Мене прво ми смрзнуваат ушите.“

„Прво ми е ладно на градите, па потоа ми се ладни рацете, нозете и на крај главата.“ - Неверојатно, но вистинито. Двајца десетгодишници се смрзнуваат различно.

Докторот по спортска медицина Јоахим Лач од Факултетот за спорт во Келн ги објаснува причините: „Секој човек во кожата има сензори за топло и за ладно. Поради распределбата на тие сензори секој човек различно ја доживува температурата.“

Кај поединци повеќе сензори има во ушите и нив тие брзо им се смрзнуваат. Кај други повеќе сензори се на други места во телото. Освен тоа луѓето имаат различен број сензори.

Иста просечна температура

Сеедно дали човек живее на југ или север, во Сахара или на Гренланд- просечната телесна температура кај сите луѓе е иста. „Сите имаме температура на телото околу 36,5 степени- таа може да варира од човек до човек. Ако температурата премине 42 Целзиусови степени, тоа е опасно по живот. Исто така е опасно ако телесната температура се спушти под 30 степени“, кажува доктор Лач.

16.12.2009 DW-TV FIT UND GESUND Frieren 2


Во тој случај виталните органи како што се срцето и мозокот не работат со полна сила. Доаѓа до губење на свеста, а во најлош случај и до смрт од студ. И така нашето тело праќа аларм со порака: се смрзнувам. Дури и провевот може да делува така да ни се наежи кожата. „Ежењето на кожата е остаток од времето кога луѓето се’ уште биле покриени со густи влакна. Сите влакна имаат минијатурен мускул на местото од каде излегуваат од кожата. Тој мускул се собира на ладно и ги исправа влакната на телото.“

Тресењето како заштита

Мускулот тоа го прави за да создаде топол воздушен слој меѓу влакната и просторот каде што ги нема. А таму каде што нема влакна, се создава ежење. Исто така се активира уште една заштитна мерка кај чувството за ладно. Тоа е тресењето, кажува доктор Лач. „Телото забележува дека му е потребна топлина. И тогаш почнуваат се тресат мускулите. Нашата долна вилица е многу лабаво прицврстена со 2 мали зглоба и со силна мускулатура која е потребна за жвакање. Тие мускули почнуваат да треперат и да работат. Бидејќи долната вилица така се движи, таа релативно брзо се тресе.“

Телесната маст не грее?

Со тресењето се придвижуваат мускулите, крвотокот е подобар и така ни станува се потопло. Многу луѓе веруваат дека малку телесна маст на ребрата помага кога е ладно. Но тоа не е точно. Доктор Лач кажува дека на пополните лица телесната маст малку им помага и оти за еден до два степени можат подобро да го издржат студот, но не повеќе од тоа. Луѓето кои брзо се смрзнуваат доктор Лач ги советува: „Помалку телесна маст, повеќе движење.“