1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Зошто се САД толку моќни?

Поранешниот американски агент Едуард Сноуден побара азил во Европа. Но, Европејците стравуваат да го прифатат. Очигледно дека во никој случај не сакаат да ризикуваат конфликт со САД.

Едвард Сноуден и натаму бара земја која ќе му даде засолниште. Тој поднесе 21 барања за азил. Некои држави се'уште не се произнесоа, има позитивни сигнали од Венецуела, а некои држави пак го одбија неговото барање, најчесто од формални причини.

И Германија го одби барањето за азил на Сноуден, на кого во САД му се заканува строга казна. Некои политичари од редовите на опозицијата бурно реагираа и ја обвинија германската влада за лицемерство. Меѓутоа Германија не е единствената земја, која очигледно избегнува конфликт со САД. Франција и Португалија во средата (03.07.) воведоа забрана за прелет на авионот на боливискиот претседател Ево Моралес, бидејќи се претпоставуваше дека во авионот се наоѓал Сноуден.

Dr. Christian Lammert Dozent am John F. Kennedy-Institut der Freien Universität Berlin

Кристијан Ламерт

Дали САД извршија директен притисок врз европските држави, тешко може да се каже. Од агол на политкологот Кристијан Ламерт од Слободниот универзитет Берлин би можело да се замисли дека во овој случај државите однапред покажаа послушност. Една од можните причини за тоа би било дека безбедносно-политичката соработка меѓу тајните служби добро функционира и информациите на американските тајни служби очигледно спречиле напади. Германците и другите европски земји значи сепак профитираат од надгледувањата на НСА и другите тајни служби.

Освен ова претстојат преговорите за трансатланската слободна трговска зона меѓу Европската унија и САД. Со паѓањето на царините ЕУ очекува заштеди од повеќе милијарди. Освен тоа двата партнера се надеваат на економски подем и повеќе работни места. „Во таков случај се прават обиди да не се наруши политичката клима“, вели Ламерт во разговор за ДВ.

Detlef Junker

Детлеф Јункер

Заедничката безбедносна политика, заеднички економски интереси, заедничко надминуање на финансиската криза - сето ова е во игра доголку во случајот Сноуден европските држави застанат против САД, проценува и историчарот Детлеф Јункер од универзитетот Хајделберг. Владите во Европа мора да одмерат, дали за него сакаат да ризикуваат конфликт со САД.

Во случајот на Германија освен тоа не е јасно, колку овие откритија за очигледно обемно надгледување од страна на американската тајна служба НСА навистина беа изнанадување за германската политика. Ламерт, пледоаејата на некои германски политичари за прифаќање на Сноуден ги смета за чиста изборна кампања. Во Германија, имено, во септември претстојат парламентарни избори.

„САД ќе останат моќни“

Независно од прашањето, дали европските држави биле под директен притисок поради случајот Сноуден - да се има влијание врз државите, како и досега, е дел од сликата за себе на САД, вели Американецот Јункер. Причина за тоа е воената сила. САД по Втората светска војна претраснаа во воена сила, „која денес проголтува речиси половина од воените давачки во светот, и располага со околу 1.000 делумно тајни бази насекаде на глобусот, од каде секоја точка на земјата може да ја нападне за 20 минути“.

Воена сила, која по Студената војна си зададе мисија да спречи еден регионален хегемон на еден друг континент да може да ја загрози оваа водечка улога. Употребата на воена сила, била, иако не во однос на Европа „разбирливо и натаму средство на надворешната политика“.

Прашање е, дали Соединетите држави со оглед на нивните внатрешно-политички проблеми и растечката конкуренција во Азија ќе можат да го одржат ваквото стремење кон хегемонија. Јункер гледа неколку причини дека САД ќе останат моќни: Нивната водечка позиција во областа на ИТ-технологијата, нивните напори енергетски да станат независни од суровините, на пример од Саудиска Арабија и позицијата на доларот. „Тоа се индикатори дека Америка ќе ја задржи својата позиција“, вели Јункер.