1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Зошто се зголемува бројот на невработени во Германија?

Бројот на невработени во Германија во ноември се зголемил, што е изненадување со оглед на подобрувањето на состојбата на конјунктурата. Каде лежат причините?

Конјунктурниот мотор во Германија брмчи се‘ погласно, а сепак бројот на невработени се зголемува. Според Сојузниот завод за статистика, во ноември без работа биле 2,806 милиони, или 5000 повеќе во споредба со октомври годинава и дури 55.000 повеќе во споредба со ноември претходната година.

„За невработените е тешко во моментов да најдат работа“, вели Франк-Јирген Вајзе од Сојузната агенција за вработување. Секој втор од лицата кои бараат работа може да се вработи само како помошник, поради недоволно квалификации. Дури за 9 од 10 слободни работни места во државата се неопходни диплома од универзитет или диплома за висококвалификуван работник.

Причина за порастот на бројот на невработени е големот доселување од Источна Европа и евро-државите во криза. Во првата половина од 2013 година во економски стабилната Германија се доселиле повеќе од половина милион луѓе. Многумина експерти очекуваат во 2014 година економскиот пораст во Германија да се зголеми на 2 процента, што треба да обезбеди намалување на бројот на невработени.