1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Зошто расте цената на нафтата?

До 2004 година цената од 40 долари за барел веќе важеше за зенит, но оттогаш кривата тргна нагоре за по две години да достигне до 70 долари. Повторно две години подоцна, цената на нафтата достигна скоро 100.

default

Сите бараат повеќе, а нафта нема доволно

На што се должи тоа? Цената на нафтата е работа на побарувачка и понуда. Ако многу се произведува, а малку се бара, тогаш се плаќа помалку. Ако малку се произведува, а многу се бара, тогаш се плаќа повеќе. Толку за теоријата.

Во практиката кон тоа се прилепуваат многу други фактори: индустриските земји самите произведуваат малку нафта, но трошат многу. Ако констатираат дека нафтените резерви им се помали отколку што мислеле, тогаш земјите што црпат многу нафта, ја креваат цената нагоре. Токму тоа се случува сега: САД во проценките го симнаа нивото на нивните резреви, државите на ОПЕК, кои заедно црпат околу половината од нафтата во целиот свет, веднаш ја зголемија цената. Меѓутоа, тоа можат да го прават се дотогаш додека нивните муштерии веќе не се подготвени да ја плаќаат таквата цена и бараат алтернативи. Во моментов ситуацијата за нив е поволна: побарувачката на светскиот пазар, пред се од Кина и Индија е голема, зашто нивниот економски бум има потреба од се повеќе нафта.

Следната причина за сегашните високи цени е слабиот долар. Нафтата се плаќа во американски долари, па многумина ја користат таа слабост за да се обезбедат со црното злато. Одлична можност за ОПЕК да ја крева цената се и војните и кризите: така на пример, војните во Персискиот залив ја кренаа цената во миг, а „придонес„ имаа и ураганите „Катрина„ и „Хумберто„ во Мексиканскиот залив. Во изминатите месеци „помогна„ уште еден фактор: берзите. Таму, брокерите шпекулираа со цената за нови зделки со нафтата, што од своја страна имаше влијание врз фактичкиот развој на цената. Многумина експерти дури сметаат дека само тоа учествуваше во новите цени со 20 до 30 долари за барел.