1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Зошто на Македонија и‘ се брза?

Во оваа година за Македонија две теми се доминантни-се очекува одлуката на Меѓународниот суд на правдата во Хаг и што ќе донесат преговорите со Грција во спорот околу уставното име на државата.

default

Медијаторот на ОН во спорот за името, Метју Нимиц на почетоткот од наредниот месец закажа среба со преговарачите Адамантиос Василакис и Зоран Јолевски. Тој есеноска изјави дека до нова рунда на преговори ќе дојде доколку амабасадорите имаат позитивни реакции или одговори на дел од идеите што веќе постојат за решавање на спорот околу името.

Шефот на македонскат дипломатија Антонио Милошоски, пред Нова година најави и можност посредникот да допатува во Скопје и Атина. Дипломатски извори во Скопје не исклучуваат нов премиерски дијалог Папандреу-Груевски до крајот на март. Дотогаш се очекува да заврши и усната расправа и соочување за аргументите пред Хашкиот суд на правдата. По неа процесот пред оваа арбитража ќе влезе во самиот финиш и исчекување на конечниот став по македонската тужба против грчките вета и прекршувањето на Времената спогодба.

NO FLASH Skopje Mazedonien Hauptstadt

Темата за името доминантна во Македонија

Каква одлука ќе стигне од Хаг?

До лето арбитрите во Меѓународниот суд на правдата во Хаг ќе ја сумираат тригодишната дебата и откако пресудата или ставот ќе го дадат на превод на француски, најверојатно до септември, а можеби и порано, ќе објават дали со грчките блокади за НАТО и ЕУ е прекршена Времената спогодба од 1995-та година. Македонските експерти ги демантираат грчките пишувања дека Хашкиот суд ќе се прогласи за ненадлежен, но предупредуваат дека каква било одлука на судот не значи крај на преговорите, ниту конечно решавање на спорот околу името.

Сепак, дипломатиите во Скопје и Атина сакаат да ја пресретнат одлуката на Хашкиот суд за правда со поинтензивни контакти и приближување на ставовите, за да можат, пред домашната јавност да ги објаснуваат мотивите и пресудата на оваа арбитража, вели професор Тони Десковски.

„Постапката во Хаг во исто време значи Македонија да се придржува кон своите обврски од Времената спогодба, што значи да се преговара во рамките на ОН за решавање на името", вели професор Десковски, експерт по меѓународно право и еден од владините советници за процесот пред Меѓународнот суд на правдата.

Грција има време за чекање, на Македонија и‘ се брза

Според директорот на Центарот за демократија, Владимир Мисев, на владата на македонскиот премиер Никола Груевски и‘ се брза да го затвори спорот со името, зашто на коалициските партнери им е јасно дека без НАТО и датум за преговори со ЕУ нема да имаат позитивно расположение кај електоратот, што особено важи за ДУИ.

Griechenland Mazedonien Bildkombo Flaggen

„Грција има време за чекање, на Македонија и‘ се брза, ако не сака да остане изолирана по најновото забрзување на кандидатурите на Србија и Црна Гора", вели политикологот Мисев. Тој сепак не очекува драматични политички процеси, ниту пак улицата и демонстрациите на опозицијата можат да придонесат за побрзо решавање на спорот околу името. Мисев и професорот Алајдин Демири се согласуваат дека нема потреба од американски дипломат, кој би бил медијатор за консензус околу идното име кај македонските партии.

„Нема загрозеност на идентитетот. Тоа е лагата што се прави од страна на власта и се тероризираат Македонците. А што треба да се реши -поимот Македонија како антика и именувањето на територијата што стана држава Македонија со одлуката на АСНОМ, а потоа и стана самостоен меѓународен субјект по нејзината самостојност во 1991 година, вели Алајдин Демири, професор на Универзитетот за Југоисточна Европа во Тетово .

Автор: Александар Чомовски

Редактор: Жана Ацеска

DW.COM