1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Зошто Израел не се откажува од градење населби?

Итно потребен простор за живеење или политичка провокација? Ниту една друга тема во Израел не е тoлку контроверзна како градењето населби. Му се заканува ли на решението „две држави“ смртен удар?

На израелскиот одговор на палестинскиот триумф не се чекаше долго. На крајот на ноември Палестинците го славеа новиот статус на набљудувач во ОН. Веднаш потоа од Израел дојде најавата за изградба на илјадници нови станови на окупираните територии. „Одите преку ОН, е тогаш ќе ја добиете цената за тоа директно пред носот“ - вака експертот за Блискиот исток Силке Темпел од Германското друштво за надворешна политика го толкува сигналот во насока на Палестина што Израел го упатува со најновите најавени градежни проекти. Голем дел од новите станови треба да биде изграден источно од Ерусалим.

Најголемиот градежен проект што сега го презентираа управата на градот и министерството за урбанизам е во фиока уште од 1990-тите, вели Валтер Клиц од фондацијата „Фридрих Науман“ во Ерусалим. Тоа што плановите се

извлечени од фиока токму сега има врска и со изборната кампања. Во јануари 2013 година Израелците избираат нов парламент, а според истражувањата на јавното мислење, голем пораст на приврзаници бележат партиите од десниот спектар. „Тоа е мотивацијата на актуелната влада на Нетанјаху - темата на населбите да се стави во фокус за таа да не загуби премногу гласови од десно настроените избирачи“, објаснува Клиц.

Со планот за проширување на постоечките населби на маргините на Ерусалим, меѓутоа, не им се оди пресрет само на избирачите од десниот спектар. Во текот на изминатата година стотици илјади Израелци демонстрираа на улиците против превисоките кирии и барајќи повеќе простор за живеење. Како доселеничка земја Израел има се‘ уште потреба од нови станови и куќи, нагласува Валтер Клиц.

Градоначалник рекламира со пријатна клима за живеење

Во Источен Ерусалим живеат над 200.000 еврејски доселеници, во подрачје кое главно има карактер на сосема вообичаено предградие. Така е и со населбата Маале Адумим, на пет километри оддалеченост од маргините на Ерусалим. Градоначалникот сака да привлече млади семејства и еврејско-американски сениори со ставање акцент на добрата поврзаност на населбата со градот и пријатната клима, вели Силке Темпел. Тоа е во спротивност со живеењето во еврејските доселенички населби на Западниот брег, каде има околу 340.000

Israel Siedlungsbau Jerusalem Siedlung Maale Adumim

Населбата Маале Адумим

луѓе. Тие места оддалеку паѓаат в очи, главно како „поинакви, чудни, препознатливи оддалеку“. „Малкумина Израелци би дошле на идеја да се преселат среде Западен брег, во близина на голем палестински град. Луѓето што се селат се пред се‘ луѓе кои доаѓаат од идеолошкото доселеничко движење“, нагласува Силке Темпел.

Израел го смета Ерусалим како „неделив“ град, додека Палестинците сакаат источниот дел од градот, што значи подрачјето каде Израел планира изградба на доселенички населби, да го прогласи за главен град на својата држава. Соодветно на тоа и реакциите се исклучително остри. „Доселениците и израелската влада треба да знаат дека ќе бидат повикани на одговорност“, се закани претседателот на Палестинците Махмуд Абас. „Новите населби имаат енормно политичко сигнално дејство затоа што на тој начин се менува територијата која Палестинците ја третираат како своја“, ги анализира Силке Темпел последиците што градењето ги носи за израелско-палестинскиот мировен процес. „Но, тие се само една од многуте пречки за мирот“, додава таа.