1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Зошто западот го толерира Хамид Карзаи?

Хамид Карзаи денеска даде заклетва за вториот мандат како претседател на Авганистан, , во присуство на стотици гости и странски делегации од над 40 земји. Останува нејасно што е тоа што ги врзува западните земји со него?

default

Карзаи се поклонува за време на неговата инаугурација во Кабул

На 2 ноември изборната комисија го прогласи Хамид Карзаи за победник, а со тоа и за претседател. Западот, Барак Обама, Гордон Браун и германската влада, веднаш честиташе, но за многу кратко. Многу поопширно меѓународната заедница образложи како сега очекува успешно да се води владата. Во интервју за американската радио станица ПБС, Карзаи неодамна реагираше на следниот начин:

Западот овде не е во прв ред за добробитта на Авганистан. Тој е овде да води војна против тероризмот. САД и нивните сојузници дојдоа овде по 11 септември, кога Авганистан веќе имаше огромни проблеми. Никој тоа не го интересираше. Тие сакаат да се борат против тероризмот, а тоа е и во наш интерес“.

Се работи за интересна заедница, во која никој никому не должи. Необично отворено, меѓународната заедница вршеше притисок врз Карзаи да и објави војна на корупцијата и во владата да доведе способни луѓе. И помалку или повеќе, и отворено се закануваше, како на пример специјалниот пратеник на ОН, Кај Ејде.

„Некои веруваат дека меѓународниот ангажман во Авганистан ќе продолжи затоа што оваа земја е стратешки важна. Тоа не е точно. Овој ангажман зависи од јавното мислење во земјите кои го финансираат и даваат војници. Расправата која се води покажува дека дојдовме до критична точка“.

Kai Eide auf Pressekonferenz in Kabul

Каj Еjде жестоко ја критикуваше владата во Авганистан

Парите на Западните сили- пресудни

Карзаи зависи од парите на Западот, а без него тој никогаш немаше да стане претседател. Во случај на повлекување, тој не би опстанал долго. Па сепак, во споменатото интервју, Карзаи настапува како суверен лидер на земја која може и без меѓународен ангажман. На прашањето, какви последици има делумното повлекување на соработниците на ОН од Кабул, по нападите на почетокот на ноември, Карзаи вели:

„Нема никакви последици. Им посакуваме многу среќа, каде и да се наоѓаат во светот“.

Тешки зборови за луѓе, кои, со години ги ризикуваа животите за да и‘ помогнат на државата на Карзаи да застане на нозе. Интересно е, како претседателот ќе се однесува во следните недели, дали ќе почне да ги исполнува барањата на Западот да спроведува конкретни реформи и тоа веднаш? Бидејќи ставот на Западот е дека само на тој начин може да и‘ се помогне на младата демократија да застане на нозе.

Автор: Каи Кистер/Борис Георгиевски

Редактор: Жана Ацеска