1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Зошто е Индија интересна за Европа?

Европските државници ја посетуваат Индија. Земјата за многуминана е економско чудо, таа е интересна и поради изворедно квалификуваниот кадар.

default

Гордон Браун беше последниот европски „големец“ што „бркаше“ бизнис во Индија

Индија со години има стабилен економски растеж од околу 8 проценти. Земјата има намера да потроши милијарди за модернизацијата на својата армија. Меѓутоа, во тој бизнис се мешаат и САД, Русија и други моќни земји. Зошто е Индија толку интересна за Европа?

Индија - економско чудо од земја

Со брзиот пораст на средната класа и големото младо население, Индија е интересна за фирмите во скоро секој сегмент: дали станува збор за автомобилските концерни како Ауди или БМВ, за супермаркетите како Вамарт, Теско или Метро, или пак телекомуникациските фирми како Водафон. Во моментов сите се обидуваат да фатат корен во Индија.

Indien Deutsch lernen beim Goethe-Institut in New Delhi

Индија располага со високо квалификуван кадар кој познава странски јазици

Она што го привлече вниманието на светот е пред се’ впечатливиот стопански развој на земјата. Имено, Индија е посебно интересна за зделки поради исклучително квалификуваните кадри со одлично познавање на англискиот јазик.

Индија и политички има што да понуди

Земјата која на многумина им наликува на организиран хаос, веќе 60 години има стабилна демократија, и тоа во Јужна Азија, регион кој постојано се наоѓа во фокусот на медиумите поради конфликтите во Пакистан, Бурма, Непал, Шри Ланка или Бангладеш, патем, сите соседи на Индија.

Земјата е зрела за преземање водечка улога во меѓународната заедница, смета експертот за Индија Кристијан Вагнер од фондацијата за наука и политика во Берлин:„Не смее да се заборави дека Индија со години им става на располагање големи трупи на Обединетите нации и ниту една друга земја не загуби толку војници во меѓународни мисии. Кога станува збор за нуклеарната пролиферација, Индија досега во ниту една форма не го направи тоа. Ова е забележано од страна на големите сили и затоа се прават обиди Индија се повеќе да се вклучува во меѓународните работи.“

Проблем: Стариот ривал Кина

Сепак, прагматичното водење на надворешната политика често водеше кон иритации. За да обезбеди доволно енергија поради растечките потреби на нејзиното стопанство, Индија склучи договори со неколку африкански држави за испорака на нафта, меѓу нив и меѓународно изолираниот режим во Судан. Делхи со години преговара со Иран за гасовод што би минувал преку Пакистан. Освен тоа, Индија има уште еден проблем. Нејзиниот стар азиски ривал Кина многу порано ги отвори своите пазари со што обезбеди предност во односите со европските држави и САД.

Ölförderung in Indien

Енергијата во Индија

Уште еднаш експертот Кристијан Вагнер:„Ако ги погледаме економските можности, како и една цела низа социјални индикатори, како нивото на образование или смртноста кај децата, тогаш е сосема јасно дека Кина во одделни сектори има предност во нејизниот развој во однос на Индија. Сепак мислам дека од страна на големите во Европа почнува процес на вклучување на Индија за добивање поголема улога. Така гледано, посетите од Европа се признание за економскиот растеж во изминатите години, па затоа и потребата од засилување на односите.“

Интересно е тоа дека многумина во општествената елита на Индија, Европа и нејизните големи сили не ги гледаат по секоја цена како најзначајниот стратегиски партнер. Од една страна причината за тоа е колонијалното минато, а од друга на многумина Европската унија им се чини заслабена поради сопствените економски проблеми и нерешителноста во политичките прашања. Ниту пак, индиската влада својот поглед го насочува исклучиво кон Европа. Откако поранешниот индиски премиер Нарасима Рао во 90-десттите години ја претстави неговата „Политика кон Исток„, за Индија се поинтересни земјите на АСЕАН и Кина. Освен тоа, Делхи со години негува добри односи со Русија, како и порано со Советскиот сојуз. Во последните години поблиски станаа и односите со Вашингтон. Според тоа, земјата е во состојба самата да ги одбира своите партнери, па Европа ќе мора да вложи повеќе напори.