1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Зошто дипломатите во Скопје молчат?

Наместо расплет и конечен меѓулидерски договор, фијаско по последното партиско соочување, со целосна неизвесност - дали ќе има вонредни избори и кој се‘ од опозицијата ќе ги бојкотира. Експертите предупредуваат.

Treffen der Parteichefs bei dem Präsidenten Ivanov (Das Treffen fand am 20.03.2011 statt, in Skopje, Mazedonien) Copyright: Agency MIA

По средбата пред два дена имаше мал напредок, сега повторно чекор назад

На новата средба кај претседателот Иванов не се дочека ниту кафето, а по блиц-договорот Груевски-Ахмети, премиерот Груевски на преговарачката маса седнал со прашањето - дали СДСМ останува на своите 4 основни барања? Откако добил потврден одговор, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ го прекинал натамошниот дијалог. Потоа изјавите за медиумите лидерите ги дадоа со видлива доза на нервоза и напрегнатост и беа само потврда на различните оценки за можниот расплет.

Според нив, Црвенковски дошол на средбата со намера да нема договор и да нема избори. Од друга страна, ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи со зацртаната цел да оди на предвремени парламентарни избори. Парадоксот е уште поголем, зашто пред 3 месеци опозицијата бараше вонредни избори, а власта ја одби иницијативата. Сега владината колаиција ги посакува изборите, а опозицијата, најверојатно, ќе ги бојкотира?

„Тој што не сака да излезе и што сам ќе одлучи да не излезе на избори, тоа е негов проблем. Никој не може да поставува незаконски и нелогични барања за да излезе на избори. Кредибилитетот го даваат граѓаните на тие што ќе излезат на избори и ќе ја побараат нивната доверба. Ние ќе излеземе на избори и ќе ја побараме нивната доверба“, рече Никола Груевски. Според челникот на ВМРО-ДПМНЕ, точниот датум ќе биде многу бргу соопштен, што претпоставува дека Собранието и без опозицијата ќе го избере нејзиниот кандидат Борис Кондарко за претседател на ДИК.

Branko Crvenkovski Vorsitzende der SDSM Partei. Aufnahmedatum 22.02.2011, in Skopje, Mazedonien. Zugeliefert durch Boris Georgievski am 23.2.2011. Copyright: DW / Petr Stojanovski.

Бранко Црвенковски: Груевски сака избори без опозиција

„Имам силен впечаток дека не е точно дека СДСМ посакува бојкот на изборите, туку дека Груевски сака избори без опозиција и дека тој ја турка целата опозиција, не само СДСМ, да не учествува на овие избори“, кажа Бранко Црвенковски.

Политичка, но не и етничка криза

Бојкотот не е решение, но и кога се презема, како метод на борба, на електоратот, особено на партиските приврзеници треба да им се објасни како со апстиненција од институциите ќе се врши политички притисок врз власта, вели за Доче веле Артан Садику, аналитичар од Скопје.

„Политичка криза ќе настане, етничка не. Политичките фактори, во преден план Владата, мора да изнајдат решение за фер и демократски избори, со учество на опозицијата. Секој бојкот и одржување предвремени избори со апстиненција на опозицијата е поразно решение за државата“, одговара Махи Несими, на прашањето дали Македонија е пред нови форми на општествена конфронтација. Екс-амбасадорот и публицист не верува дека и ДУИ не би се согласила на избори во услови на комлетна апстиненција од целиот опозициски блок, вклучувајќи и дел од албанскиот.

Наспроти оваа експертска оценка, лидерот на ДУИ Али Ахмети синоќа (22.03) беше категоричен: „Ние имавме јасно барање од страна на опозициските партии

EU Erweiterungskommissar Stefan Füle und Maz. Ministerpräsident Nikola Gruevski

Што ќе му пренесе премиерот Груевски на еврокомесарот Филе?

да одиме на предвремени парламентарни избори и партиите на власт т.е. мнозинството, тоа барање го прифати“.

Потребно е меѓународно посредување?

Претседателот на Нова демократија Имер Селмани најави дека ќе поднесат претставка до Уставниот суд за Изборниот закон во однос на дебалансот на гласачите по изборните единици. Тој подвлече дека на Македонија и‘ е потребно меѓународно посредување од страна на САД и ЕУ.

Сличен став, повеќе како дилема - зошто дипломатите во Скопје засега молчат, изнесува и Владимир Мисев, директор на Институтот за демократија.

„Досега меѓународниот фактор е доста пасивен, но ако ВМРО-ДПМНЕ се реши да распише вонредни избори, без учество на опозицијата, најверојатно ќе биде неопходно и ангажирање на меѓународната заедница. За да се најде компромис тој притисок ќе биде и видлив и посилен“, коментираше Мисев.

„Со бојкотот, имам горчливо чувство, се доведуваат во прашање интересите на граѓаните за брз економски и демократски развој на Македонија“, изјави претседателот Иванов. Премиерот Груевски треба да патува на средба со еврокомесарот Штефан Филе без резултати од дијалогот власт-опозиција.

Автор: Александар Чомовски

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска

DW.COM