1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Зошто Бундеслигата е најпрофитабилна во Европа?

Германскиот фудбал е на врвно ниво - пред се’ кога станува збор за финансиите и за бројот на гледачи. Сојузната германска лига остварила поголема добивка од конкуренцијата во Европа. Како е тоа можно?

default

„Германија е првак на Европа“. Оваа реченица германските навивачи со задоволство би сакале да ја чујат. Кога станува збор за спортските резултати, овој сон не е остварен уште од 1996 година, но затоа сојузната фудбалска лига т.н. Бундеслига може да ја понесе оваа титула кога станува збор за парите. Со добивка од 138 милиони евра Бундеслигата е поуспешна од која било друга национална лига, стои во извештајот на консултантската фирма Делојт. Оваа бројка се однесува на сезоната 2009/2010. Актуелни податоци засега нема. На второто место е англиската Премиер лига со добивка од 101 милион евра додека на неславното прво место по остварени загуби е италијанската Серија А со 110 милиони евра минус, а веднаш зад неа е француската прва лига со 102 милиони. Шпанија не доставила податоци.

Gelsenkirchen Veltins-Arena

Модерни стадиони: Шалке 04 игра во целосно покриен стадион и натаму еден од најмодерните во Европа

Строга постапка за добивање лиценца

Штефан Лудвиг, директор во одделот за спорт во Делојт, смета дека причина за ваквите добри резултати на Бундеслигата лежи во строгата постапка за добивање лиценца: „Клубовите во Германија поради строгите контроли очигледно управуваат со парите поконзервативно отколку во други земји“, вели Лудвиг.

Германските клубови добиваат лиценца за учество во сојузната фудбалска лига само доколку ги исполнат сите финансиски критериуми. Но, и покрај тие контроли и определени германски клубови таложат долгови. Според весникот „Зидојче Цајтунг“ во сезоната 2009/2010 остварена е загуба од вкупно 78 милиони евра. 11 од 18 екипи во Бундеслигата биле во минус. Штефан Лудвиг смета дека станува збор за краткорочни проблеми кои настанале поради ризични вложувања и истакнува дека пред три години во Бундеслигата немало клуб во долгови.

Borussia Dortmund im Signal Iduna Park 2

Преполни трибини

На врвот во Европа и по бројот на гледачи

Бундеслигата е на првото место во Европа и по бројот на гледачите. Во минатата сезона 2010/2011 во просек на секој натпревар на стадионите имало 42,101 гледач, соопшти денеска Кристијан Зајферт од Германската фудбалска лига накусо ДФЛ. Тоа е нов рекорд за Бундеслигата. Во федерацијата сметаат дека натпреварите во Бундеслигата се атрактивни поради релативно ниските цени на влезниците, модерните и безбедни стадиони, како и неизвесноста на средбите: „Во изминатите четири години во Германија шампионската титула ја освоија три различни екипи. Освен тоа речиси секогаш се случува меѓу првите на табелата да се најдат и екипи на кои никој не сметал претходно“, објаснува Дирк Мајер Босе, портпарол на ДФЛ.

Автор: Марајке Тајслинг/ Симе Недевски

Редактор: Александра Трајковска