1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Зошто банките и покрај кризата имаат големи добивки?

Големи интернационални банки во првата половина од годинава остварија големи добивки. Најновиот пример за тоа е „Дојче банк“, која соопшти дека во вториот квартал од годинава остварила добивка од 1,1 милијарда евра.

default

Убави вести од седиштето на „Дојче Банк“ во Франкфурт

Ако се погледне во полугодишниот биланс на големите меѓународни банки, може само во неверување да се тријат очите и да се праша: Каде е всушност финансиската криза? Така, најголемата германска банка „Дојче Банк“, во првата половина од годинава заработила 2,3 милијарди евра, речиси петкратно повеќе од истиот период лани, но притоа е далеку од врвот кога ќе се спореди во меѓународни рамки. Имено, американската банка „Сити груп“ остварила добивка од 6,7 милијарди долари, а и останатите големи банки не стојат полошо: „Голмдан Сакс“ и „ЏП Морган“ заработиле по 2,7 милијарди долари а „Банк оф Америка“ 2, 4 милијарди. Само банката „ Морган Стенли“ за овој период пријави загуби од околу 1,3 милијарди долари.

Ренесанса на „Инвестмент-бенкинг“

Речиси еднакво зачудувачки, покрај големите добивки на банките, е и ренесансата на инвестициското банкарство, значи онаа гранка на бизнисот која на банките пред крајот на минатата година им носеше огромни загуби и ја доведе до банкрот инвестициската банка „Леман брадрс“. Меѓутоа високата квартална добивка на „Дојче банк“ е остварена пред се’

Logo JP Morgan Chase

"ЏП Морган“ оствари голема добивка во првото полугодие

благодарение на инвестициските зделки. Звучи иронично, но причината за ваквите добивки треба да се бара токму во финансиската криза. Имено, на државите кои издвоија милијарди евра или долари во пакетите за спас на банките, потребни им се пари. Банките, пак, во моментов добиваат пари од Централните емисиони банки за многу поволни камати, кои им ги враќаат на државите во форма на обврзници, и притоа убаво заработуваат на емисијата на обврзници.

Слично важи и за полето на деловни обврзници. „Околу половина од финансиските потреби на големите германски претпријатија, во моментов, се покриваат со деловни обврзници“, проценува Хелмут Хипер, менаџер на инвестицискиот фонд „Унион Инвесмент“. „Многу претпријатија во моментов многу повеќе се рефинансираат преку обврзници отколку преку кредити, зашто банките станаа многу попретпазливи при давањето кредити“, вели Хипер.

И нормално, „Дојче банк“ во ваков случај заработува убаво на емисијата на деловни обврзници.

Добро подготвени за можните ризици

И покрај големите добивки на банките, аналитичарите и инвеститорите се непријатно изненадени кога гледаат во кредитните книги на „Дојче Банк“. Банката, имено, седумкратно го зајакнала осигурувањето од ризик во делот на кредитирањето - на

Deutschland Finanzmärkte Deutsche Bank Josef Ackermann

Шефот на „Дојче Банк“, Јозеф Акерман и натаму е претпазлив

околу една милијарда евра. „Лошо изненадување“, смета Конрад Бекер, аналитичар во консултантската куќа Мерк Финк. И неговиот колега Дирк Бекер има мрачно предвидување: „Со оглед дека се наоѓаме среде рецесија, ова би можело во наредните квартали да води до натамошни проблеми.“

Првиот човек на „Дојче Банк“, Јозеф Акерман, наспроти тоа, е уверен дека банкарската бранша и глобалните финансиски пазари натамошно се стабилизирале. Тој говореше за задоволителен исход, меѓутоа не сакаше да даде попрецизна прогноза за тоа како ќе тече бизнисот во наредните шест месеци.

„Прогнозата за преостанатите месеци од 2009 година силно зависи од тоа каков ќе биде натамошниот развој на глобалната еконимија“, порача Акерман. „Дојче Банк“, меѓутоа, е добро подготвена.

Автор: Ролф Венкел/ Симе Недевски

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска