1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Зошто авторите користат псевдоними?

Авторката на Хари Потер тајно го напиша својот прв криминалистички роман „Повикот на кукавицата“ под псевдонимот Роберт Гејлбрет. Била привлечена од традицијата стара со векови во литературата, во која има славно друштво

Светот на книгата е како езерце во кое пливаат повеќе мали риби и само неколку големи. Кога ќе се случи нешто невообичаено, станува брановидно, како што се случи предминатиот месец кога Џоан К. Роулинг беше разоткриена како писателот на криминалистичкиот роман „Повикот на кукавицата“.

Авторот на бестеселерот, серијалот Хари Потер, една од најуспешните писателки на ова време, ја напиша криминалистачката приказна под псевдонимот Роберт Гелбрејт.

Игра со полови

Реакциите кон разоткривањето се поделени. Од една страна, имаше пофалби за авторката, која користејќи псевдоним, го избегна товарот од високи очекувања што доаѓа со напишани толку многу бестселери. Од друга страна, скептиците се прашуваат зошто толку успешна писателка избрала да се крие под машки идентитет.

Flash-Galerie Harry-Potter-Fans am Kieler Hauptbahnhof

Авторот на бестеселерот, серијалот Хари Потер, Џ.К. Роулинг, е една од најуспешните писателки на ова време

Користењето на псевдоними во историјата на литературата не е нов феномен, но во многу случаи, други идентитети биле користени од посериозни причини: за да се избегне прогонување. На германскиот автор Ерих Кестнер, на пример, му беше забрането да пишува за време на ерата на нацистите, но тој продолжи да твори со успех, под псевдонимите како Бертолд Биргер, Мелкиор Курц и Роберт Нојнер. Посвеж пример е алжирскиот писател Мухамед Мулесеул, кој објавувал книги под името на неговата прва жена Јасмина Кадра.

Женските автори особено, користеле псевдоними за да можат да ги објават своите дела. Во 20 век, во многу европски земји постоеле закони со кои им се забранувало на жените да заработуваат без дозвола од нивниот сопруг. Жорж Санд (Амандин Аурора Лусил Дупин де Франсуел) и Џорџ Елиот (Мери Ен Еванс) успешно ја сочуваа својата литературна слобода со користење на машки псевдоними. Дури и сестрите Бронте, Ана, Шарлот и Емили ги користеле машките имиња Ектон, Кјурер и Елис Бел.

Во полето на криминалистичките романи

Има примери од историјата, но дури и од денес, кога машки и женски писатели понекогаш се вбројувани во одредени литературни области. Според стереотипот, од жените се очекува да пишуваат „лесни“ романтични романи, додека од мажите, трилери со меки корици.

Portrait von Erich Kästner

Ерих Кестнер користел псевдоними за да може да пишува во ерата на нацистите

Дури и денес, не е невообичаено за женски автор да искористи псевдоним или анонимен идентитет за да се пробие во „машкото“ литературно поле. П.Д. Џејмс, големата дама на мистериите е еден пример. Џоан К. Роулинг е позната во Германија по нејзиното вистинско име, но во Велика Британија и Соединетите Држави, само со иницијалите Џ.К. е потпишана на своите книги.

Авторството на германските криминалистички романи е еднакво поделено помеѓу двата пола. Едгар Францмен, портпаролот на Синдикатот на здружението на автори, истакнува дека исто толку жени колку и мажи се дел од 800 членови на синдикатот. Тој вели дека не познава ниедна писателка која користи машки псевдоними.

Гинтер Буткус, директор на издавачката куќа „Пендрагон“ во Билефелд, вели дека имал исто искуство. „Машки псевдоними за жени или обратно не се користеле“. Но, тоа може да биде корисна алатка за многу автори кои пишуваат различни жанрови и теми.

Поголем гламур

За германските издавачи и читатели женските тајни писатели не биле проблем сѐ до шеесетите. Во тоа време, наградата Едгар Валас беше доделена за анонимен роман „Смрт во Сент Паул“. Кога жирито дозна дека книгата е напишана од жена, сакаа да ја задржат паричната награда. Но авторот, чие име беше Ирене Родриан, стана една од основачите на германската криминалистичка сцена.

Symbolbild Buch Literatur

Анонимноста на авторот ја прави книгата помистериозна

Иако полот оттогаш не е толку важен, авторите продолжуваат да користат псевдоними. Авторката Кора Стефан, која успешно твори под псевдонимот Ен Шаплет, вели дека нејзиното име не е доволно гламурозно за таков жанр.

„Псевдонимот беше важен за мене бидејќи сакав моите книги да бидат познати“, вели таа. „Бев загрижена дека под моето вистинско име нема да бидам сфатена сериозно како криминалистички писател. Беше одлично што постигнав толку многу како непознат деби автор. Тоа беше дар“.

Можеби ова бил мотивот и на Роулинг кога го донесе во живот Робет Гелбрејт.