1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Зошто авионот на Бали наместо на писта слета во море?

Катастрофата беше избегната за влакно - сите 108 патници во Боингот 737 што денеска падна во морето кај Бали ја преживеаја несреќата. Авионот е преполовен, а повредени се 40 луѓе.

Авионот на авиокомпанијата за евтини летови Лајон Ер од Индонезија денеска (13.04) ја промаши пистата на Бали и заврши во морето. Сите 101 патник и седумтемина членови на екипажот се спасени. Притоа, 40 луѓе имаат повреди, како скршеници на коски и рани на главата. Сепак, според наводи на вработени во локалната болница, само четири лица морале да останат на болничко лекување.

Боинго 737-800, кој во употреба е од март, тргнал од Бандунг, на Јава, во насока на Бали. Пистата на Бали, и на почетокот и на крајот, граничи со морето. Патничката Тантри Видиастути за локалната телевизија Метро изјави дека немало никакви знаци за проблеми. „Одеднаш авионот заврши во вода“, изјави

Bali Indonesien Lion Air Flugzeugunglück

Речиси половина од патниците се повредени

 60-годишната патничка, која имала среќа да помине со само неколку исекотини. Сите патници потоа многу бргу го напуштиле авионот, кој при падот во водата се преполовил.

Лајон Ер е најголемата авиокомпанија за евтини летови на Индонезија. Нејзините авиони се од типот Боинг и Ербас. Според наводи на мрежата за безбедност на летање, Aviation Safety Network, од 2002 година до сега шест авиони на Лајон Ер имале несреќа, од кои четири авиони биле Боинг 737. Само во една од несреќите има и човечки жртви.