1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Зоната за евакуација околу Фукушима 1 треба да се прошири

По Меѓународната агенција за атомска енергија, сега и јапонската Агенција за надзор на работењето на нуклеарните централи се изјасни за натамошна евакуација на населението околу хаварисаната атомска централа Фукушима.

default

Хаварисаната нуклеарка Фукушима 1

Јапонските атомски власти денеска соопштија дека владата би морала да размисли за проширување на зоната на евакуација. Досега важеше одлуката за евакуирање во зона со радиус од 20 километри околу Фукушима 1, а на жителите во зоната со радиус од 30 километри им беше препорачано да го напуштат регионот, поради опасност од зрачење.

Морската вода кај Фукушима 1 со рекордна контаминираност

Greenpeace Messung Radioaktivität Japan

Мерењата покажуваат се’ поголема радијација


Меѓународната агенција за атомска енергија препорача зоната да се прошири, поради тоа што во село на оддалеченост од 40 километри од централата Фукушима 1 се измерени високи вредности на радиоактивност. Јапонската влада соопшти дека нема план да ја проширува зоната на евакуација.

Радиоактивноста во морската вода пред атомската централа, во меѓувреме, е на рекордно ниво - концентрацијата на честички на радиоактивен јод е за 4385 пати повисока од дозволеното.

Загриженоста раста и надвор од Јапонија

Загриженоста од последиците на катстрофата со атомската централа се зголемува и надвор од границите на Јапонија. Сингапур соопшти дека јагленот од Јапонија покажува контаминираност деветпати повисока од дозволеното. Минимални радиоактивни вредности се пронајдени дури и во пробите од млеко во американската сојузна држава Вашингтон. Сепак, се нагласува дека измерените вредности се далеку од тоа да бидат опасни по здравјето на луѓето.

Автор: ЕМФ/СН/ртр/афп

Редакртор: Симе Недевски

DW.COM