1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

ЗНМ: Извештајот на Репортери без граници дава реална слика

Македонското Здружение на новинари го смета за реален извештајот на организацијата Репортери без граници за состојбите во земјата и ги повикува надлежните да го променат односот кон медиумите.

default

Здружението на новинарите на Македонија се согласува со индексот за слободата на медиумите за 2013 на Репортери без граници, со жалење констатирајќи дека оваa оценка реално ги отсликува состојбите во македонските медиуми.

„Крајно време е владините институции, но и политичките партии и јавноста да се соочат со фактот дека слободата на медиумите во Македонија е сериозно загрозена и не може да се надмине без суштинска промена на односот кон работата на медиумите и на новинарите. Потребна е силна политичка волја да се ослободи просторот медиумите да можат да ја остварат мисијата што ја имаат во секое демократско општество како ’watchdog’ и како отворена платформа за дебата за прашања од јавен интерес“, се вели во соопштението упатено до медиумите од страна на претседателот на ЗНМ Насер Селмани.

Според него, „лошиот имиџ во светот за слободата на медиумите за Македонија нема да се смени сe додека Владата и политичките партии ги третираат медиумите како средство за манипулација со јавноста и како средство за политичка пресметка со противниците“.