1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

ЗНМ ги прекинува разговорите со Владата

Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) ги прекинува разговорите со Владата, по инцидентот во Собранието, каде на насилен начин беа отстранети новинарите од галеријата од која ги следат пленарните седници.

Здружението на новинари на Македонија соопшти дека ги прекинува разговорите со Владата (фото: средба Здружение на новинари-Влада во јуни 2012) по инцидентот во Собранието каде на насилен начин беа отстранети новинарите од галеријата од која ги следат пленарните седници.

„ЗНМ ги прекинува разговорите со Владата сé додека не се врати уставниот поредок во Македонија и извршителите и наредбодавачите на ова срамно однесување не бидат откриени и казнети согласно законот. ЗНМ ќе ги искористи сите правни механизми да ја заштити слободата на изразувањето и слободата на медиумите. Исто така ќе ја алармираме целата домашна и странска јавност за случувањата во Собранието", изјави претседателот на ЗНМ, Насер Селмани.

Според него, прекршен е Уставот кој ја гарантира слободата на изразување и слободата на медиумите.

„Наредбодавачите на овој срамен чин ја официјализираа цензурата и одлучија што смеат, а што не смеат да следат новинарите. Новинарите, насилно избркани, со ништо не ја предизвикаа оваа реакција на обезбедувањето, а ниту постоеше правна основа за нивно отстранување. Бевме отстранети за да не бидеме сведоци на отстранувањето на пратениците од опозицијата од салата за седници. Ова е преседан кој не смее да помине неказнето“, додаде Селмани.

Поврзана содржина