1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

„Знак на политичка солидарност“ од Брисел

Еден ден по меѓународната донаторска конференција за жртвите од катастрофата во Југоисточна Азија, во петокот попладне се оддржа вонредна седница на европско ниво на истата тема. По покана на луксембурското претседателствување со советот на ЕУ министрите за надворешни работи, развојна помош и здравство на земјите членки на ЕУ, се сретнаа во Брисел на разговори за тоа како да се координира помошта од Евро

Европа и натаму пружа помош во Јужна Азија

Европа и натаму пружа помош во Јужна Азија

па за жртвите од поплавата.

Во конференциската сала на зградата на советото на Европа во Брисел се собраа повеќе од 70 учесници. Меѓу нив и европскиот комесар за развој Луис Мишел кој штотуку се врати од Индонезија и Шри Ланка како и министрите за надворешни работи, развој и здравство на европските држави. Цел на оваа вонредна седница беше да се извлече биланс за досегашната европска помош. Европа веќе издвои 23 милиони евра брза помош, а во четвртоткот претседатлот на европската комисија Жозе Барозо најави уште 100 милиони евра брза помош.

Германската министерка за развој Хајдемари Вичорек Цојл е задоволна со досегашниот европски ангажман.

“ Се разбира дека важи, глобализацијата на сочовечност да се задржи во текот на секојдневната актуелна помош, имено уништувањето кое се случи, предизвика потреба за обнова со долгорочен ангажман.”

На повидок за дискусија во ЕУ се повеќе предлози за оддржливо пружање помош. Меѓу нив и предлогот на германскиот канцелар Герхард Шредер, да се основаат партнерства меѓу регионите во Европа и погодените области на пример меѓу Германија и Шри Ланка. Освен ова некои министри, како комесарката за надворешни прашања на Унијата Бенита Фереро Валднер се залаагаат за формирање европски цивилни трупи за брз ангажман. Германската министерка за равој Вичорек Цојл смета

“Ние сме за тоа дека мора да биде подобрена координацијата на европско ниво, но не треба да бидат формирани нови структури, туку мора да постои координација. ”

Според германскиот министер за надворешни работи Јошка Фишер повеќе работи говорат за тоа дека е потребна координација на веропско ниво

“ Посилна европска координација свесно задржување на способностите во овој домен, на тој начин што ЕУ и земјите членки на повик би биле поделотворни – сметам дека ова би имало смисла.”

ЕУ ќе земе учество и во изградбата на систем за рано предупредување од цунами, а луксембуршкиот министер за надворешни работи Аселборн средбата ја оцени како знак на политичка солидарност.