1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Знаењето е моќ: за значењето на образованието

Образованието значи повеќе од едноставно учење. Тоа овозможува луѓето да се развијат како личности и да станат политички активни. Тоа не е секогаш во интерес на владетелите, пишува главната уредничка на ДВ Уте Шефер

Знаењето е моќ- оваа поговорка стара најмалку четири века, формулирана од англискиот филозоф Франсис Бекон за време на Просветителството, ни денес нема загубено ништо од своето значење. Знаењето е сила, а образованието е основен предуслов за политички развој, демократија и социјална правда. Тоа може секојдневно да се забележи во светот, но можеби најпрецизно во поновата историја, со Арапската пролет која започна во Тунис пред 18 месеци.

Токму образованите и средната класа ги започнаа протестите, особено младите меѓу нив: оние на возраст од 20 до 35 години, најчесто студенти или академци, кои се почувствуваа изневерени од режимот и без никаква перспектива. Од Рабат до Ријад тоа беа луѓето кои се бореа- доктори, инженери, новинари- за повеќе слобода, учество, пристап до пазарот на трудот, и особено, за пристап до нови перспективи.

Нивната битка е далеку од завршена. Првиот чекор е обезбедување на фундаментот на протестите, а тоа се демократски институции и право на глас.

Образованието овластува и обезбедува поголемо учество. Ова се нештата кои арапските властодршци веројатно ги потценија. Без одлучната експанзија на училишниот и универзитетскиот систем во арапските држави во последните 20

Arabellion Arabische Revolution Arabischer Frühling Symbolbild Malerie Karikatur

Борбата за повеќе слобода во арапскиот свет е далеку од готова

години, демократските движења веројатно немаше да бидат можни.

Основно човеково право

Нема развој без образование. Светската заедница одамна го прифати овој факт и разви јасни политички барања и свест за тоа прашање. Вторите Милениумски развојни цели утврдени од ОН јасно наведуваат дека сите луѓе треба да имаат пристап до основно образование. Во меѓувреме забележан е напредок, иако бавен и нерамномерен. Процентот на деца кои одат на училиште од 1999. до 2009 година се зголеми за седум проценти, и сега изнесува 89 проценти. Неодамна темпото се забави. Во Африка и Азија многу региони нема да успеат да ги остварат Милениумските цели до 2015. година. Особено погодени се децата во руралните и конфликтните региони, а девојчињата се соочуваат со посебни потешкотии. Останува уште многу да се стори.

Нема развој без образование

Двете најбрзорастечки економии во Азија, Кина и Индија покажуваат дека развојот има јасни економски предности. Уште еден пример: Јужна Кореја во

Kinder Jugendliche China Asien Computer Computersucht Schule

Образованието ги дефинира животите на многу млади Кинези

50-те години од минатиот век беше во полоша состојба од мнозинството африкански земји денес. Инвестициите во еднаков пристап за мажите и жените, заедно со подобрувањето во здравствената и социјалната заштита доведоа до економски бум.

Извонредно брзиот развој на кинеската економија сугерира дека постои вистинска глад за образование, и речиси секој Кинез под 25 годишна возраст во образованието гледа клуч. Сепак, Кина во истовреме е и пример дека се уште постојат режими кои промовираат образование без да понудат повеќе слобода. Прашање е до кога ќе функционираат ваквите модели?

На долг рок, ниту еден нелегитимен режим нема да успее да се одржува на власт со добро- образувано мнозинство. Кога ќе се изгради такво население, се отвора можноста за поголемо учество и демократски промени.