1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Злоставување кое ја шокираше БиХ

Германската државјанка Бетина Зигнер која со години била злоставувана во селото Каравласи е сместена во „безбедна“ куќа и се чувствува подобро. Злосторството ја шокираше БиХ.

Според очевидци, 19 годишната Бетина Зигнер во селото Каравласи во тузланскиот кантон првпат била видена пред околу 10 години. Сеад Макалиќ, кој го пријави случајот во полиција, тврди дека Миленко и Славојка Маринковиќ со години ја држеле Бетина во заложништво и притоа често била изложена на психичко и физичко малтретирање. Макалиќ тврди дека Маринковиќ и сексуално се изживувале врз Бетина, ја принудувале на сексуални односи со животни, на тешка физичка работа и ја прегладнувале.

Во меѓувреме, Миленко и Славојка Маринковиќ се уапсени, а Бетина е на сигурно.
„Кога ја пронајдовме беше исплашена и дезориентирана. На неа беа видливи физички повреди“, вели портпаролот на тузланското обвинителство, Адмир Арнаутовиќ.

Инволвирана и мајката

Брачниот пар Миленковиќ добија 30-дневен притвор, и осомничени се за нехуман третман кон девојчето. Претпоставките се дека тие во период од 8

Bosnien Misshandlung Kristina Siegner

Кристине Зигнер, мајка на злоставуваното девојче

години извршиле серија кривични дела. Меѓу осомничените е и мајката на Бетина, Кристине Зигнер, која наводно знаела за злоставувањето на нејзината ќерка. Полицијата се сомнева дека останатите три ќерки на Кристигне Зигнер стапиле во брак со други членови на семејството Маринковиќ, додека самата Кристине се венчала со Миленко Маринковиќ и покрај тоа што бигамијата во БиХ е забранета.

Кристине Зигнер во моментов е под надзор на БиХ Службата за странци. Одземени и’ се сите документи и не може да ја напушти земјата.

Во истрагата за случајот, каков што БиХ не помни, се вклучија и другите државни безбедносни служби. Експертите за човекови права се шокирани од целиот случај.

„Ние живееме во општество кое има длабоки траги од војната. Тие се забележуваат во затвореноста, изолацијата, растурените и несреќни семејства. Се плашам дека општеството во кое го загубивме чувството за туѓото страдање и интересот за помош и солидарност, се’ помалку ќе биде изненадено и со вакви случаи на долгогодишно ропство“, вели Бранко Тодоровиќ, претседател на Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Српска.