1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Злато за Фичен, бронза за Шварцкопф

Нови пријатни изненадувања од германските претставници на Европското првенство во атлетика во шведскиот град Гетеборг

default

На вториот ден од натпреварите на Европското атлетско првенство за сензација се погрижи 29-годишниот германски репрезентативец Јан Фичен со победата во трката на 10 илјади метри. Фичен мудро истрча тактичка трка и со извонреден финиш успеа да ги совлада и фаворитите, Шпанеците Хозе Мануел Мартинес и Хуан де ла Оса. „Ова беше мојата четрвта трка воопшто во дисциплината 10 илјади метри. Досега победив во сите четири. Се надевам дека така ќе оди и понатаму“ – рече Фичен. Поради исцрпеноста од синоќешната трка, тој се откажа од старт на 5 илјади метри в недела.

Медал освои и Лили Шварцкопф, која беше трета во седмобој. Таа постигна свој личен најдобар резултат од 6420 бодови, само три помалку од второпласираната, Холанѓанката Карин Рукштул. Шварцкопф прокоментира: „На семафорот видов ... во краен биланс беа три бода разлика. По малку сум и тажна, но добро. Бронзен медал – на тоа воопшто не сметав“. Во седмобојот победи големата фавортика, Швеѓанката Каролина Клуфт.

Прваци на Европа станаа и Португалецот од нигериско потекло Франсис Обиквелу во спринтот на 100 метри, потоа Шпанецот Франсиско Фрнандес во одење на 20 километри, Ендрју Хоув - кој настапува за Италија - во скок во далечина и Русинката Татјана Лисенко во фрлање кладиво.

Денеска на програмата на Европското првенство се осум финални дисциплини.