1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Злато за Русија на ЕП по 22 години пауза

Шпанците и во шестото финале без европско злато, Германија како пета ќе се бори за пласман на ОИ во Пекинг. Баерн останува лидер на табелата.Возбудлив финиш на формула еден циркусот.

default

Најзаслужен за освоениот пласман на Германија, Дирк Новицки

Русија е нов европски шампион во кошарка. Синоќа во драматично финале во Мадрид, руската репрезентација го совлада домаќинот, селекцијата на Шпанија со 60:59 и се закити со златниот медал на 35то по ред Европско првенство.

Русите, кои на почетокот на шампионатот важеа за аутсајдери, до победата дојдоа со поените на Јан Роберт Холден во последните секунди од натпреварот. Шпанија имаше две секунди за напад, но обидот на Пол Гасол во последните стотинки заврши во обрачот.

Инаку натпреварот речиси во целиот тек беше израмнет. Актуелниот светски првак на моменти се одлепуваше но со не повеќе од 6,7 поени предност. Се чини пресудна улога одигра руската одбрана против која шпанците во последната четвртина не најдоа соодветен одговор.

Златниот медал е 15 за Русија на Европските првенства. Последен пат „Зборнајата„ се радуваше во 1985 на првенството во Западна Германија кога настапуваше под името Советски Сојуз. Шпанија и во шестото финале остана без златен медал на стариот континент.

Брозната патува за Литванија која во малото финале ја совлада Грција со 78:69. Германија, предводена од одличниот Дирк Новицки го освои петото место. По Словенија, германците вчера ја совладаа и Хрватска со 87:81. Селекторот Дирк Бауман смета дека е успех што неговите избраници обезбедија место кое води во квалификациите за ОИ во Пекинг:

“ Кој на тоа гледа поинаку, тогаш не е фер кон овој тим, кој мислам дека го даде максимумот од своите можности, за освојување на големата цел на овој исклучително тешок турнир. Мислам дека петото место е голем успех“

Инаку за МВП на првенството беше прогласен русинот Андреј Кириленко, кој инаку е играч на НБА тимот Јута Џез

Злато за Шпанија на ЕП во одбојка

Ако освојувањето на златото не им појде од рака на шпанските кошаркари, тогаш тоа го сторија нивните сонародници во одбојка кои од ЕП во Русија се враќаат со златен медал, и тоа освоен токму во финалниот драматичен натпревар против домаќинот, кој го добија со 3:2 во сетови. Бронзениот медал го освои Србија која ја совлада Финска со 3:1

Баерн останува лидер на табелата

Викендов на програмата се одигра 5 коло во фудбалската Бундеслига. Баерн од Минхен и покрај нерешениот исход дербито против Шалке 04, 1:1 останува на чело на табелата.

Мислам дека тимот одигра многу добро. Тоа што постигнавме и гол против силнои Баерн и врз основа на она што го направивме во целите 90 мминути и мислма дека ова е праведен резултат“

Ваквата анализа не може да ја отфрли и тренерот на Баерн, Отмар Хицфилд:

“ Одигравме добро триесетина минути, но пропуштивме неколку шанси за гол на почетокот на натпреварот. Двата тима мислам дека заслужија по еден бод“ изјави Хицфилд

Баерн останува на челот на табелата со 11 бодови, пред Арминија Билефел и Ајнтрахт Франкфурт кои имаа по бод помалку. Ајнтрахт го совлада Хамбург со 2:1, Арминија славеше против Ханза Росток со 4:2, која и натаму без освоен бод е на дното на табелата. Дали Арминија е нов ловец на Баерн? Тренерот Ернст Мидендорп:

“ Не, ние со тоа немаме ништо. Ние не треба да се мериме со Баерн. За нас е важно да освојуваме бодови и да освоиме што е можно подобар пласман. Сакаме да останеме во лигата, тоа е за нас најважно“

На четвртото место на табелата се проби Борусија Дортмунд која во петокот го торпедираше Вердер со 3:0 . Пета е Херта која синоќа го совлада Дуизбург со 2:1, кој по поразот падна на 14 место. Тренерот Руди Бомер:

“ Мислам дека и покрај се` тимот заслужува комплименти за начинот на кој играа. Постојано играа офанзивно и вистинска штета е што не освоивме бод. Мислам дека нерешениот резултат ќе беше реален“

На шестото место е Карлсруе кој во вториот неделен натпревар со идентичен резултат славеше на гости против Волфсбург. Седми е Баер Леверкузен, кој славеше против Бохум со 2:0

Во долниот дел на табелата се уште Нирнберг кој по нерешениет 2;2 против Хановер е на 15 место. Шеснаесети е Волфсбург кој загуби од Карслруе со 1:2, пред Еберги Котбус кој исто така пртрпе пораз од Штутгарт од 3:0

Двојна победа на Ферари во Спа

Формула еден пилотот на тимот на Ферари Кими Раиконен трета година по ред триумфираше на трката за големата награда за Белгија која се возеше на патеката во Спа, со што остана во конкуренција за шампионската титула. Раиконен беше неприкосновен за време на целата трка со што ги потврди изјавите дека ова е неговата омилена патека. За третата двојна победа на Ферари сезонава се погрижи Фелипе Маса кој трката ја заврши со 4,6 секунди задоцнување зад својот тимски колега.

Третото место на подиумот го освои актуелниот светски шампион Фернандо Алонзо од тимот на Мекларен Мерцедес. Четврт беше

Неговиот тимски колега Луис Хамилтон кои сега има само два бода предност пред Алонзо. 97 наспроти 96. Трет во генералниот пласман е Раиконен со 84 бодови, пред Маса со 77.

Бодови во Спа освоија и Ник Хајдфелд од тимот на БМВ Заубер кој беше пети. Нико Розберг од Вилијамс, Марк Вебер од Ред Бул и Хаики Ковалаинен од тимот на Рено. Ферари практично ја освои и титулата во конкуренција на конструктори со 161 оосвоени бодови. Ова откако ФИА заради шпиунската афера го исклучи Мекларен од конкуренција, кој имаше 177 освоени бодови.

Трката во Спа беше последна во Европа годинава, следната ќе се вози во Јапонија а последните две во Кина и Бразил.