1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Златото на Бен Али - за народот

Дијаманти, злато, мебел и луксузни автомобили, сопственост на тунискиот екс-деспот Бен Али се продаваат на аукција. Владата се надева да добие со продажбата најмалку десет милиони евра.

На изглед безграничното богатство на соборениот диктатор Зине ел-Абидине Бен Али и неговиот клан на едномесечната аукција уште еднаш ќе ги импресионира обичните Тунижани, можеби и ќе ги разгневи. Премиерот Хамади Јебали самиот ја отвори изложбата со околу 12 илјади експонати во предградие на главниот град Тунис.

Сјај и богатство како кај монарх

Кулминација на едномесечната аукција ќе бидат 39-те луксузни спортски автомобили на Бен Али, меѓу нив и еден Ламборџини Галардо ЛП 460, еден Бентли Континентал Спорт, блиндиран Кадикал, како и Мајбах 62. Презентирани се и бројни дијаманти, часовници и уметнички дела. Од сопственоста на сопругата на Бен Али на продажба се накит, чанти, крзна и друга луксузна стока. Лејла Трабелси очигледно имала префинет вкус за скапи нешта.

Оној кој сака да учествува на јавното наддавање, треба да плати влезница од 30 динари, што не е малку при месечна плата од 320 динари.

Аукцијата е најголемата досега организирана во Тунис. Во јуни туниски суд ги осуди Бен Али и неговата сопруга за незаконско богатење на 35 години затвор. Тие двајцата избегаа во егзил во Саудиска Арабија. На втората годишнина од народното востание во Тунис на средината на декември на улиците излегоа илјадници луѓе. Тие протестираа дека под власта на умерените исламисти по соборувањето на Бен Али за обичните граѓани малку нешто се подобри.