1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Златна „треска“ во светот

Цената на златото со години расте. Прво приватните инвеститори и институции вложуваа во благородниот метал. Сега тоа го прават и се’ повеќе централни банки за да се обезбедат од должничката криза.

default

Со вложувањето во злато не се добиваат камати, тоа може да биде украдено и најчесто по домовите лежи некаде скриено. Една унца злато изгледа здодевно, како чоколадно стапче и тежи околу 31 грам. И покрај тоа, овој благороден метал е поомилен од кога било.

„Во времиња на криза, златото е секогаш најатрактивно. Луѓето денес мораат да се подготвуваат за криза доколку се погледне финансиската состојба во многу држави“, вели Фридрих Мелцер, сопственик на приватната банка „Мелцер“ во Франкфурт.

Во страв од се` поголемата должничка криза во Европа и несигурноста во САД, многу инвеститори се одлучуваат за сигурен избор - купување злато. Во меѓувреме за една унца злато треба да се платат околу 1.600 долари, што е двојно повеќе за разлика од пред две години.

„Златото во моментов се претставува како сигурен столб. Верувам дека купувањето злато ќе остане тренд се` додека не се реши должничката криза во Европа и во САД“, вели Еуген Вајнберг, стратег за купување суровини во „Комерц банк“.

Пред 15 години цена од 300 долари за унца

Infografik Goldpreisentwicklung der letzten zehn Jahre

Растот на цената на златото во последните десет години

Некогаш беше сосема поинаку. Кон крајот на 90-те години од минатиот век, цената на една унца злато беше само околу 300 долари. Тогаш се чинеше дека духот на инфлацијата исчезна, а централните банки не сметаа дека книжните пари треба да ги претвораат во злато. Австралија, на пример, во 1997 година продаде две третини од своите резерви на злато, и на тој начин дополнително ја урна неговата цена.

Производството на злато падна драматично, мораа да се затворат рудниците во Јужноафриканската република, а 200 илјади луѓе останаа без работа. Но, ситуацијата се смени по терористичките напади од 11. септември 2001 година. Пазарите беа преплавени со пари, номиналната и реалната каматна стапка беа околу нулата, духот на инфлацијата повторно се врати, растеа цените на животните намирници и суровини, а во САД почнуваше кризата со недвижностите.

Една петина од светското злато во централните банки

Оттогаш советниците за инвестиции имаат полни раце работа и бележат зголемен интерес за муштериите за купување злато, како наводно, најсигурна инвестиција во време на криза и инфлација. Таков беше случајот при пропаста на банката „Лиман брадерс“ во 2008 година, во 2010 кога стана јасно дека Грција има големи финансиски проблеми, и во 2011 кога кризата кулминираше во Ирска.

Германските експерти очекуваат дека цената на златото до средината на

Dossierbild Gold Goldpreis 2

идната година ќе достигне 1.750 долари за унца. Затоа во последниот период како најголеми купувачи на злато се јавуваат централните банки на земји како Мексико, Кина, Русија и Индија.

Во моментов во светски рамки, најголеми резерви на злато имаат САД, проценети на околу 8.100 тони, а зад нив е Германија со 3.400. Се проценува дека централните банки низ светот поседуваат околу 27 илјади тони злато, а ако се дополнат и резервите во Меѓународниот монетарен фонд и Банката за меѓународни порамнувања во Базел, целата количина изнесува нешто повеќе од 30 илјади тони, или една петина од вкупната количина злато, што досега е произведена во светот - 165 илјади тони.

Автор: Ролф Венкел/ Борис Георгиевски

Редактор: Александра Трајковска