1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Златна треска во Македонија-потрага по закопани богатства

Македонија е древна земја, во неа царувале разни царства, поминале многу војски. Во утробата на земјата се кријат многу закопани богатства. Многумина трагаат, а само малкумина имаат среќа да ги пронајдат.

default

Сон на многумина луѓе

Во Македонија во утробата на земјата се кријат многу закопани богатства, злато. Ги има насекаде, но тое не е во тони туку во по некое грне злато до кое е многу тешко да се дојде, потенцира еден од најискусните македонски трагачи по злато, 58-годишниот Борис Димовски од Битола, родум од велешко Нежилово. Во Македонија последниве години најчесто од соседните земји се носат разни карти со закопани богатства, но во најголем број случаи тоа богатство веќе било откриено и откопано. Јас, потенцира Димовски, најмногу се ориентирам на искажувањето на преданијата од постарите луѓе кои се пренесуваат усно со поколенија.

Gold Australien Goldschürfen Goldfieber Goldgräber Nugget

Во последниве години по богатствата се трага со најсовремена апаратура

„Потрагата по скриените богатства е многу интересна, возбудлива и полна со мистерија. Слушајќи многу преданија од постарите, сето тоа во младоста ме понесе да почнам да трагам по скриените богатства“, вели Борис Димовски. Тој веќе 40 години  е трагач по закопани багатства, а последниве години за сите заинтересирани преку својата фирма „Алекс 85‘‘ воедно испитува и подземни води. Првото современо трагање по злато со апарати го направил на 20 октомври 1990-та година кога го набавил првиот детектор. Потоа и  далечински детектори-локатори, а како најново има и скенери  поврзани  со лаптоп компјутер кои на терен ја даваат точната локација на скриените богатства и разни предмети. Но најважно е, потенцира Димовски, да се има одлично познавање на апаратурата, познавањето на теренот и трпение.

NO FLASH Goldmünzen

„Кога излегуваме на терен, онаму каде што не‘ викаат луѓето, ги земаме апаратите. Сега имаме  најсовремена опрема, земаме апарати со далечинско управување, скенери, со тие два апарата одиме на терен. Тргнуваме рано сабајле, не‘ пречекуваат тие што сакаат нешто да им откриеме, ни кажуваат  како оди приказната, ни опишуваат каде е местото и за што се работи. Потоа се скенира местото, имаме скенер од 60 метри, компјутер. Треба да се види дали има метал во земјата, а апаратите на далечинско управување се само за злато‘‘.

„Во Македонија, иако поретко, на некои тавани од старите куќи до скоро се‘уште можеа да се најдат стари карти на пергамент исцртани со знаци и симболи. Во 90 –те  години  во Македонија се носеа многу такви карти од Турција и Бугарија. За жал, многу од тие богатства претходно веќе биле откриени и откопани“, вели Димовски.

Вистинити приказни за закопаните богатства

На наше прашање дали се вистинити легендите за закопаните богатства, Димовски вели:

„Има вистини, но тоа не е во тони како што се зборува деновиве кога во Македонија владее златна треска. Има доста вистинити приказни. Некои спомнуваат дека кај Велес има 220 тона, во делчевско 30 тона. Нема толку големи богатства во Македонија.Јас не верувам во такви работи бидејќи знам дека и  10 тона е многу. Имам многу информации и од луѓе, а јас сум нашол помали количества злато, а не сум добил ништо од тие луѓе на кои што сум им го  открил богатството, за кое се вели  дека е проклето‘‘.

Goldmünzen in Schatztruhe

Го прашуваме  каде најчесто се крие златото. Димовски ни појаснува: 

„Во некои стари куќи, во дворот кај бунарите најчесто или во полето, некое дрво и покрај чешма. Задолжително местото е обележано, на камен има крст или точки, тие се ставаат како знаци најмногу кај чешмите‘‘.

Потребен е голем труд, трпение, најсовремена апаратура и финансии

„Закопани богатства има и во соседните земји, во Србија, на Косово, во Грција, Албанија, Бугарија каде исто така ме повикувале да им откривам закопани богатства“, вели Димовски.

„Сигурен сум  дека се‘уште има многу злато, но треба многу труд, многу одење и потребни се многу финансиски средства‘‘.

Димовски вели дека во најголем дел закопаното богатство треба да и‘ припадне на државата, но најчесто многумина од алчност го задржуваат само за себе. Воедно апелира до сите свои колеги и трагачи по скриени богатства при ископувањето на теренот да не ги уништуваат археолошките локалитети кои се македонски национални богатства, а посебно не црквите и манастирите.

Автор: Антоанела Димитриевска

Редактор: Ж.Ацеска