1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Златна палма за „Дрвото на животот“

Претставниците на САД и Франција се победници на годинешното издание на меѓународниот филмски фестивал во Кан, со освоени по две награди.

default

Американскиот режисер Теренс Мaлик ја освои „Златната палма“ за филмот „Дрвото на животот“, филозофска драма за создавањето на светот. Мaлик, кој избегнува јавни настапи, и овој пат не ја прими наградата лично.

Палмата за најдобра женска улога, жирито предводено од Роберт де Ниро, и’ ја додели на Американката Кирстен Данст за изведбата во филмот „Меланхолија“ на контрoверзниот дански режисер Ларс фон Трир, кој беше исклучен од фестивалот поради неговите спорни изјави во однос на Хитлер.

„Каква недала, вакво нешто се случува само еднаш во животот на една актерка. Благодрам на жирито што го задржа нашиот филм во натпреварувачката конкуренција“, изјави Данст.

Французинот, Жан Дижардан е добитник на наградата за најдобра машка изведба во филмот „Уметникот“.

Француската режисерка Мајвен ја доби Наградата на жирито за филмот „Полис“. Додека Големата награда на 64-тиот филмски фестивал во Кан ја добија филмовите „Детето на велосипед“ на браќата Дарден и филмот „Беше еднаш во Анатолија“ на турскиот режисер Нури Билге Цејлан.

Автор: Ан Кристин Хекман/ Александра Трајковска/ миа

Редактор: Горан Чутаноски