1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Златна мечка за животно дело за Вајда

Златен лав во Венеција, носител на европската филмска награда и долгогодишен член на синдикатот Солидарност: Анджеј Вајда денес го сметаат за еден од најпознатите полски режисери. На годинашното Берлинале најпрочуениот претставник на полскиот филм во Источна Европа, Анджеј Вајда ќе биде награден со Златна Мечка за животно дело.

Анджеј Вајда

Анджеј Вајда

"Морам да кажам дека очигледно отсекогаш сум живеел за иднината и отсекогаш сум се интересирал за утре, а не за вчера. Тоа го одбележа мојот живот."

Повеќе од половина век Анджеј Вајда им припаѓа на клучните личности во источноевропската кинематографија. Во повеќе од 30 филмови тој критички ги придружуваше и ги коментираше политичките промени во неговата татковина Полска. На Запад Вајда важеше за политички независен режисер кој долго време се борел со цензурата. Во прилог на тоа зборуваат неговите филмови „Канал“, „Пепел и дијамант“ и секако „Човекот од мермер“, кој ја покажува мрачната слика за сталинизмот во Полска.

„Не ја прифаќав тогашната реалност во социјалистичка Полска и се обидов да ја изразам оваа позиција со моите филмови“

Во неговиот дебитантски филм „Една генерација “ Вајда влезе во расправа со полското движење на отпорот. Со „Канал“, филмот за кој доби награда за најдобар режисер на Канскиот филмски фестивал, Вајда се задржува на „Варшавското востание“. Овој филм од 1957 година беше фален подеднакво како и „Пепел и дијамант“ - обата не само што и’ припаѓаат на трилогијата филмови за искуствата од Втората светска војна, туку тие ги поставија темелите на меѓународното значење на Вајда за полскиот филм.

Веќе во неговите рани дела се исцртува режисерскиот концепт на Вајда, кој, покрај неговиот стил и промената на жанровите, е одржан до денешен ден.

Тој ги изнесуваше на платното морално-политичките конфликти меѓу поединецот и општеството што се случуваат во фонот на полската историја. За ангажираниот режисер ова значеше секогаш зафаќање со актуелните конфликти, пред се расправа со сталинистичката номенклатура.

Во 1977 година со филмот „Човекот од мермер“ извлекува немилосрден биланс за култот за Херојот на трудот и го користи за радикална критика за владејачкиот режим. Четири години подоцна следуваше продолжението на критиката во филмот „Човекот од железо“, кинематографски дело во кое Вајда својата верзија за штрајкот на работниците во пристаништето во Гдањск ја постави во директна врска со основањето на Синдикатот „Солидарност“

Неколку недели по завршувањето на спорниот филм, во 1981 година беше воведена воена состојба. Поради тоа што политичкиот манифест на Вајда падна како жртва на цензурата и повеќе не смееше да биде прикажуван, тој во Кан ја освои Златната Палма, Вајда смееше да ја напушти земјата и да продолжи да работи како режисер во странство – меѓу другото и во Франција .

Во последниве години, тој се повеќе се смирува, малкуте филмови што ги сними веќе неможат да се надоврзат на големите успеси од поранешните времиња. Посебно младата публика покажува малку интерес за историските теми на Вајда, кој сметаше дека мрачните страни како колаборационизмот во Втората Светска војна или латентниот антисемитизам кои и во Полска беа долго време табукзирани, треба да се најдат на филмското платно .

„И што значи сега слободата? Во сегашна ситуација слобода значи да може да се преземе одговорност. Дури сега ние сме во ситуација да ја преземеме одговорноста за нашите дела и дури сега можеме да се занимаваме со тие теми“