1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Златна Лола за драмата „Запрен на патот“

Во Берлин беа доделени германските филмски награди. Фаворитот, драмата за ГДР „Барбара“ (Barbara), филм со осум номинации не успеа да ги собере наградите во главните категории.

Филмот „Запрен на патот“ (Halt auf freier Strecke) е големиот победник на 62-те германски филмски награди, освојувајќи ја златана Лола за најдобар филм. Неговиот режисер Андреас Дрезен исто така ја добри наградата за најдобра режија. Главниот лик во овој филм Милан Пешел ја доби златана Лола за најдобар актер. Тој во филмот глуми маж, кој има тумор во мозокот и до смртта го негува неговото семејство. Театарскиот актер Ото Мелис, кој во филмот на Дрезен го глуми таткото на болниот човек, исто така ја доби златаната Лола за најдобра споредна улога.

Филмови за Источна Германија

Филмот „Барбара“ (Barbara) во кој се зборува за Источна Германија, пред доделувањето на наградите се сметаше за голем фаворит и беше номиниран во осум категории, меѓутоа режисерот Кристијан Пецолд мораше да се задоволи со сребрена Лола за најдобар филм. Третата награда во најважната категорија ја освои филмот на Давид Внент „Воинка“ (Kriegerin) - драма за млада девојка неонацист во Источна Германија. Ѕвездата на овој филм Андреа Левишин го доби признанието за најдобра женска улога.

Filmstill Kriegerin

Сцена од филмот „Воинка“ (Kriegerin)

Контроверзи околу Шекспир

Филмот на режисерот Роланд Емерик „Анонимус“ (Anonymus) - контроверзен осврт на Вилијам Шекспир - освои најмногу трофеи, шест од седумте можни Лоли воглавно во техничките категории. Филмот го прикажува Шекспир како заостанат алкохоличар едвај способен да ги препише представите како „Кралот Лир“ или „Магбет“, кои потекнувале од перото на друга личност.

Filmszene Anonymus Rafe Spall als William Shakespeare

Сцена од филмот „Анонимус“ (Anonymus)

Почесна награда за Балхаус

Почесната награда на 62-то издание на германските филмски награди отиде во рацете на камерманот Михаил Балхаус. Претседателката на Филмската академија Ирис Бербен му оддаде признание на Балхаус, со зборовите дека е еден од великаните меѓу камерманите. Михаел Балхаус меѓу другите беше одговорен за камерата во 17 филмови на Рајнер Вернер Фасбиндер и седум на американскиот режисер Мартин Скорсизе.

Германските филмски награди се доделуваат од 1951 година. Со речиси три милиони евра се највисокo дотирана германска културна награда.