1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

"Златна камера" за Џек Николсон и Силверстер Сталоне

Најдобри германски актери се Николете Кребиц и Михаел Мендл, одлучи жирито на списанието "Херцу" во 39-то доделување на "златната камера". Како најдобри актери на меѓународната сцена беа наградени Џек Николсон и Силверстер Сталоне, додека легендарниот Тони Кертис го доби признанието за животно дело. На вчерашната гала свеченост во Берлинската концертна сала со околу 1.000 угледни гости беа доделени вкупно 14 признанија во разни категории.

Најголем интерес кај публиката предизвика оној кој најкусо ја почести со своето присуство: холивудската sвезда Џек Николсон, кој се појави колку да ја прими наградата од рацете на супер-моделот Клаудија Шифер, одржа кус говор на германски и веднаш потоа ја напушти салата.

Нешто подолготрајна беше радоста на неговиот сограѓанин Тони Кертис, кој ја доби наградата за животно дело. Присуството на неговите три ќерки видно ги разбранува чувствата на 78-годишниот актер. А третиот награден Американец, Силвестер Сталоне, наградата му ја посвети на боксерот Макс Шмелинг, за кого имаше само изрази на висока почит.

Како најдобар германски ТВ филм годинава беше прогласен "Чудото од Ленгеде", остварување кое зборува за страшната трагедија во едно рударско окно во 1963. година. Еден од преживеаните рудари токму и ја предаде наградата. Со историјата се занимава и ТВ филмот "Во сенката на моќта", во кој улогата на поранешниот канцелар Вили Бранд ја игра Михаел Мендл, добитникот на "златната камера" за најдобар германски актер во мината година. Златната камера за најдобра актерка ја однесе Николет Кребиц за остварувањето во ТВ филмот "Што можеш побрзо". Како најперспективен млад актер беше награден Луј Кламрот за филмот "Чудото од Берн".