1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Златна зора маршираше во Атина

Преку 5000 приврзеници на грчката ултра-десничарска партија одржаа марш, со кој ја одбележаа годишнината од грчко-турскиот пограничен инцидент од 1996 година, кој предизвика сериозна криза меѓу двете земји.

Учесниците на синоќешниот (2.2.2013) марш низ улиците на Атина, припадници на националистичката партија Златна Зора носеа запалени факели и извикуваа антиамерикански, антитурски и антиимигрантски пароли. Маршот, за време на кој демонстраните минаа и пред Амбасадата на САД во Атина, мина без инциденти.

Во 1996 година Грција и Турција дојдоа на прагот на меѓусебна војна поради два ненаселени острови во Егејското Море во близина на турскиот брег, кои и Атина и Анкара ги сметаат за своја територија. Инцидентот беше инициран од националисти од двете страни, кои поставија свои знамиња на островите.

Состојбата дополнително се вжешти со пад на грчки воен хелкиоптер, кој беше во извидничка мисија во регионот, при што загинаа тројца офицери. Вооружен конфликт меѓу двете земји беше избегнат благодарејќи на интервенцијата на САД, кои посредуваа во смирување на тензиите.

Отстранувањето на грчкото знаме од островите, од страна на националистите во Грција беше оценето како капитулација на Атина.