1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

„Златната палма“ за срамежливиот режисер

Во Кан заврши 64 Меѓународен филмски фестивал. Главната награда, Златна палма, му беше доделена на американскиот режисер Теренс Малик за филмот „Дрво на животот“.

default

Сцена од филмот „Дрво на животот“

Победникот на вечерта е отсутен: режисерот Теренс Малик не ја прими лично Златната палма. Тој е некаде во Европа, а наградата за него им беше врачена на двајца негови продуценти. „Тој навистина е скромен и срамежлив. Многумина имаат погрешо сфаќање, дека се повлекува во приватниот живот. Тој ги остава филмовите да зборуваат. Нему не му е важно неговото его или да биде славен“, порача еден од продуцентите.

Осумте членови на жирито предводени од Роберт де Ниро имено оценија дека „Дрвото на животот“ ја заслужи Златната палма. „Повеќето од нас имаа чувство дека тоа е филмот. Тој ја има величината, значењето, интенцијата, одговара. Беше тешко да се донесе одлуката, имаше многу други добри филмови. Ваква одлука никогаш не може да биде перфектна, меѓутоа не постигнавме компромис, повеќето смеаат дека филмот е извонреден“, изјави Де Ниро.

Flash-Galerie Internationale Filmfestspiele von Cannes Preisverleihung 2011

Доделување на наградите - Кан 2011

Филмот на Теренс Малик наиде на позитивно ехо и кај публиката.„Филмот е уметнички, има многу музика, изворедни сцени, убаво е да се погледа.“ - „Се обидува да работи со технички трикови, кај него важи мотото: голем режисер гледа се’ на големо.“

Без големи изненадувања

Ниту наградите за најдобри актерски остварувања не беа големо изненадување: Французинот Жан Дижардан беше одликуван за улогата во црно-белиот нем филм за Холивуд во 20-тите години „Артистот“. „При снимањето бев во еден друг свет,

Kirsten Dunst Internationale Filmfestspiele von Cannes Preisverleihung 2011

Кирстен Данст најдобра актерка во Кан

навистина ми причинуваше задоволство. Се чувствував како дете и потоа на бината да ја добијам наградата од Роберт де Ниро, не знам што да чувствувам, тоа е супер.“

„Меланхолија“, филмот на данскиот режисер Ларс фон Трир, кој беше исклучен од фестивалот поради спорните изјави околу Хитлер, не доби награда. Наградена е меѓутоа актерката која ја играше главната женска улога во него, Кирстен Данст. „Каква недела, вакво нешто се доживува само еднаш во животот“, изјави таа на доделувањето на наградите во Кан.

Истото би можело да го кажат и членовите на жирито. Секој ден изминатиов период гледаа по два филма и ги дискутираа, за конечно синоќа да ги објават победниците, меѓу другите ја доделија и наградата на жирито, на турскиот филм „Беше еднаш во Анатолија“ и на францускиот филм „Момчето со велосипед“, на браќата Дардан.

Автор: Кристин Хортенбах/ Александра Трајковска

Редактор: Горан Чутаноски