1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Златната палма во Кан за Мајкл Мур

Документарниот филм на Мур -“Фаренхајт 9/11” ја осудува политиката на американскиот претседател Џорџ Буш

default

Жирито има чест годинешната Златна Палма од Кан да му ја додели на "Фаренхајт 9-11".

Соопштувањето на одлуката беше проследено со силен аплауз.

Најпрестижната награда на меѓународниот филмски фестивал во Кан,Златната палма,годинава му е доделена на американскиот режисер Мајкл Мур за неговиот документарен филм "Фаренхајт 9/11",кој ја осудува политиката на американскиот претседател Џорџ Буш.

-Што направивте,целосно ме затекнавте со ова,изјави Мур синоќа на доделувањето на наградите на фестивалот,заблагодарувајќи се на француски,по што доби огромни овации од публиката.

Мајкл Мур на пресот по доделувањето на наградите изјави дека добил уверување дека пресудна била уметничката вредност на неговиот филм "Фаренхајт 9-11",а не политиката.Тој во филмот на духовит начин ја критикува политиката на американскиот претседател Џорџ Буш и неговите врски со Саудиска Арабија и Бин Ладен,како и манипулациите пред нападот на Ирак.

-Имам тивко претчувство,благодарение вам,на ова што го направивте овде,луѓето во САД ќе го видат филмот,изјави Мур,зашто филмот во Америка воопшто не се прикажува.

Белата куќа пак кратко изјави-доделувањето на наградата е доказ дека САД се една слободна земја каде секој може да го каже тоа што сака,не сакајќи натамошни коментари.

Коим се другите добитници на наградите на Кан:

Кинеската глумица од Хонг Конг Меги Чен ја доби наградата за најдобра женска улога во филмот "Чисто" на Оливие Асејес.

Ова навистина е сјаен момент во мојот живот,оддавајќи му благодарност на својот бивш маж Асејес што и дал главна улога во својот филм.

Наградата за најдобра машка улога му припадна на младиот јапонски глумец Јагира Јуја,за улогата во филмот "Никој не знае" на Хирокасу Кореда.

Французите Анјес Жауи и Жан Пјер Бакри ја добија наградата за најдоро сценарио за филмот "Како слика",кој го режираше Анјес Жауи.

Тони Гатлиф го добри признаниет за најдобра режија за филмот "Егзил".Станува збор за 14-ти долгометражен филм на овој Ром,роден во Алжир пред 55 години.

Гетлиф изјави дека не се надевал на наградата и се заблагодари на претседателот на жирото ,американскиот режисер Квентин Тарантин.

Многу насилниот филм "Старо момче"на јужнокореанецот Парк Чан Вук го доби Гран при од жирито.

-Го сретнав Роман Полански за време на едне прием во Кан и фактот што заедно бевме фотографирани за мене беше веќе голема чест,изјави тој во моментот кога го примаше признанието.

Наградата од жирито ја доби американскаат глумица Ирма Хол и филмот "Тропска болест" на тајландскиот режисер Апикатпонг Вересеткул.

Наградата на жирито за краткометражен филм ја доби белгискиот режисер Жонас Жерние за остварувањето "Флетлајф".

Најдобар краток филм-"Трефик" од Романката Каталин Митолеску.

Германскиот претставник, филмот “Мрсните години поминаа” на режисерот Ханс Вајнгартнер, не се најде меѓу наградените.