1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Златната мечка на Берлиналето за „Грбавица“ на Јасмила Жбаниќ

Во палатата на Берлиналето синоќа за првпат во историјата на Фестивалот на гала свечаност по урнекот на ОСКАРOT беа доделени годинешните одличја : златната и сребрените мечки за најдобрите остварувања

Приказната за Есма и Сара на Јасмила Жбаниќ од Сараево и го донесе највисокото признание на годинашното Берлинале

Приказната за Есма и Сара на Јасмила Жбаниќ од Сараево и го донесе највисокото признание на годинашното Берлинале

Највисокот признание на Берлиналето пред публиката во преполната сала на Палатата на Подздамер Плац го соопшти претседателката на меѓународното жири Шарлот Ремплинг. Златната мечка се најде во рацете на Јасмила Жбаниќ, режисер на филмот „Грбавица“ копродукција на Босна и Херцеговина, Австрија, Германија и Хрватска, филм кој уште по прикажувањето во неделата доби симпатии кај публиката.

„Ќе бидам ладнокрвна зашто сонувам и за пет минути ќе се разбудам во Сараево... “ беа првите зборови на Јасмила Жбаниќ изречени од бината на Берлиналето, заблагодарувајќи им се на организаторите, жирито и селекторите кои прифаќаат и филмови од мали држави. Жбаниќ, која во минатото се докажа како режисер на документарни филмови и во „Грбавица„ се занимава со војната на Балканот и нејзините последици. Тоа е приказна од животот на Есма која ја толкува Мирјана Карановиќ и нејзината 12 годишна ќерка Сара , во изведба на Луна Мијовиќ. Сара сака да оди на екскурзија. Таа верува дека таткои е бил херој и загинал на фронтот, поради што од мајка и бара да и го даде неопходниопт документ со кој ќе може да патува бесплатно. Но, Есма го нема тој документ и Сара со вперено оружје од мајка си ја бара вистината за нејзиниот татко. А вистината е дека Есма била силувана во логор. Сара е плод на таа траума која ја имаат многу други Муслиманки. Режисерот Јасмила Жбаниќ вели дека во војната има многу пострашни работи од гранатирањето и бомбардирањата кога луѓето немаат контакт со непријателот: Силувањето навистина е најстрашно зашто ја уништува жената и нејзиното семејство!

На синоќешната гала вечер беа доделени уште шест други сребрени мечки.Големата награда на жирито рамноправно ја поделија филмовите „Сапуница“ на данската ережисерка Перниле Фишер Кристенсен и иранскиот „Офсајд“ на Џафар Панахи. Сребрена мечка за најдобра режија добија Мајкл Винтерботом и Мат Уајткрос за „Патот за Гвантанамо„ кој и кај критиката и меѓу публиката се сметаше за еден од фаворитите. Сребрените мечки за најдобри актерски остварувања во машка и женска конкуренција останаа кај уметниците од Германија. Им припаднаа на Сандра Хилер за ролјата на Михаела Конглер во „Реквијем“ и на Мориц Блајбтрој за маестрално одиграниот Бруно во „Елементарни честички“ на Оскар Релер. И сребрената мечка за посебно уметничко остварување му припадна на Германецот Јирген Фогел кој беше актер, коавтор и копродуцент во „Слободна волја“ на Матијас Гласнер. Одличјето на Берлиналето за најдобра музика го освои Петер Кам за композициите во кантонскиот филмот „Изабела“ на Панг Хо Чеунг.