1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

„Златната мечка“ за турскиот „Мед“

Во Берлин синоќа (20.02.2010) беа доделени „Златната“ и „Сребрените мечки“ на 60-тото Берлинале. На гала вечерта највисокото признание го доби филмот „Мед“ на турскиот режисер Семих Капланоглу.

default

Семих Капланоглу до доби одличјето за последниот дел од триологијата за поетот Јусуф

„Дами и господа, ’Златната мечка“ му се доделува на ’Мед’ на Семих Капланоглу“, соопшти од бината претседателот на жирито Вернер Херцог, кој одличјето на турскиот режисер Семих Капланоглу му го врачи заедно со првиот човек на фестивалот Дитер Кослик. Филмот „Мед“ е последен дел од триологијата на Капланоглу за поетот Јусуф. Триологијата е раскажана по обратен ред. Првиот дел „Јајце“ пред четири години беше прикажан во Кан и говори за Јусуф во зрело доба. Вториот дел „Млеко“, пред две години во Венеција раскажа за Јусуф во адолесцентните години. Последниот дел, кој го доби одличјето, го опишува детството. Главниот актер, шестгодишниот Бора Атлас, го опишува животот во преубавите планини во срцето на Турција.

Kombo Ein silberner Berlinale-Bär ein silberner Berlinale-Bär Flash-Galerie

Светот на пчеларите и негибнатата природа. Се снимало во планина, во шума, каде на дрвјата биле закачени кошниците со мед.

„Еден ден на десеттина метри од екипата која снимаше дојде една мечка. Сакаше да јаде мед, но кога не‘ виде - избега. Мислам дека мечката е сега тука“, изјави Капланоглу од бината, подигајќи го златниот трофеј на Берлиналето.

Романски и руски фаворити

Големата награда на жирито на Берлиналето и Алфред Бауер наградата ја доби романскиот филм „Ако сакам да свирнам, ќе свирнам “ на Флориан Сербан, кој се вбројуваше меѓу фаворитите.

„Тоа е приказна за установа за рехабилитирање на млади, во кој повеќето актери се навистина таму и престојуваат. Главниот лик Силвиу и сторијата за неговиот живот и љубов, го игра ученик од средно училиште, Георг Пистереану. Режисерот Сербан наградата им ја посвети на сите оние деца кои го започнале филмското патување и на оние кои пишуваат песни за мајките кои никогаш нема да ги сретнат!

Со две „Сребрени мечки“ од Берлин замина и рускиот филм „Како го завршив летото“ : камерата на Павел Костомаровур за уметничко остварување и за актерите Сергеј Пускепалис и Григори Добригин, кој со многу емоции му се заблагодари на режисерот Алексеј Попогребски, на екипата, на родителите, но и на саканата баба.

Berlinale 2010 - Preisträger

Најдобрите актери пристигнаа од Русија: Сергеј Пускепалис и Григори Добригин

Полански со „мечка“ за режија

„Сребрената мечка“ за најдобра актерка и‘ е доделена на Шинобу Тераџимаин за ролјата во „Катерпилар“ на Коџи Вакамацу, а за најдобро сценарио на Ванг Кванан за „Заедно, а одвоени“, кој одличјето му го посвети на Берлин.

Најдобра режија имаше филмот „Фантомскиот писател“ на Роман Полански. Тој не стигна во Берлин, зашто не му е дозволено да патува. Но, според зборовите на еден од продуцентите и кога би можел не би дошол, зашто режисерот имал горчливо искуство. Последниот пат кога отишол на фестувал да прими награда - завршил в затвор!

Берлинале на рекорди

Директорот на фестивалот Дитер Кослик кажа дека јубелејното издание било фестивал на рекорди: над 300.000 посетители.

„Имаше многу убави моменти. На почетокот беше прекрасно. На минус 10 степени и мраз, 2.000 луѓе пред Бранденбуршката порта ја следеа проекцијата на „Метрололис“. Имаше и мали-големи моменти. Еден од нив беше кога на црвениот тепих малиот Бора Алтас ми забележа дека не треба да се прегрнуваат само оние кои се горе, туку и оние кои се долу. Кога го прегрнав, очите ми се наполнија со солзи, раскажа дел од она што најмногу го допрело и шефот на Фестивалот, Мистер Берлинале - Дитер Кослик.

Автор: Силвера Падори-Кленке

Редактор: Жана Ацеска

DW.COM