1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

“Златен лав” за Анг Ли

*

Еротскиот шпионски трилер “Опасност и похота” на режисерот Анг Ли од Тајван е добитник на “Златниот лав” за најдобар филм на годинашниот фестивал во Венеција. Со тоа Ли го повтори успешот од пред две години, кога исто така победи во Венеција со филмот “Бродбек Маунтин”.

Награда за режија освои Брајан де Палма за филмот "Ридектид" со тема од ирачката војна. За најдобри актери се прогласени Кејт Бланшет и Бред Пит, а признание за животно дело му е доделено на италијснаксиот режисер Бернардо Бертолучи.