1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

„Златен лав“ во Венеција за драма од Јужна Кореја

Во Венеција по 69. пат беше доделена филмската награда „Златен лав“. Годинава одличјето отиде во рацете на јужнокорејски режисер, кој се заблагодари за наградата на невообичаен начин споредено со претходните лауреати.

Јужнокорејската шокантна драма на режисерот Ким Ки-дук „Пиета“ го освои „Златниот лав“ за најдобар филм на 69-от венециски филмски фестивал. Со невообичаен „говор“, тој се заблагодари за наградата. Имено кога застана на бината да ја прими филмската наградата 51 годишниот режисер испеа кореанска народна песна.

Во својот филм Ким Ки-дук покажува како алчноста по парите денес ги придвижува и менува луѓето. „Би сакал за зборувам за последиците на еден есктремен капитализам“, изјави режисерот во Венеција. „И за негативниот ефект, кој овие консеквенции ги имаат врз човечеките односи“. Парите не се лоши, но лош е нашиот однос кон нив, смета Ким Ки-дук.

Како и „Пиета“ моќта и заведувањето на луѓето беа централни теми и во четири други филмови во натпреварувачката конкуренција во Венеција. 

Venedig 69. Filmfestpiele - PIETA

Сцена од филмот „Пиета“

„Сребрениот лав“ му припадна на американскиот режисер Пол Томас Андерсон за остварувањето „Учител“ , инспириран меѓу другото и од основачот на Сајантолошката црква Л.Рон Хабард, јавија светските агенции.

Актерите Хоаким Феникс и Филип Сејмор Хофман ја поделија наградата за најдобар актер за улогата во филмот „Учител“ (The Master).

За најдобра актерка е прогласена израелската глумица Хадас Јарон за улогата во филмот „Пополни ја празнината“ (Fill the void).

За најдобор дебитантско остварување на венецијанската Мостра е прогласен филмот „Kuf“ на трускиот режисер Али Ајдин, а специјалната награда на жирито отиде во рацете на австрискиот режисер Урлих Зајдл за филмот „Рај:верба “ (Paradies: Glaube).

Наградата за најдобро сценарио ја доби филмот „После мај“ (Apres Mai), на францускиот режисер и сценарист Оливие Асајас.