1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Златен глобус за Ханеке и Валц

Германско-австрискиот актер Кристоф Валц ја доби наградата за најдобра споредна улога. Наградена е и австриско-германската копродукција „Љубов“.

За актерот Кристоф Валц ова е второ признание Златен глобус, а го доби за улогата на платен убиец во вестернот „Џанго“ на Квентин Тарантино. 56-годишниот актер за конкуренција ги имаше, меѓу другите, Леонардо Ди Каприо и Томи Ли Џонс.

Со германско учеството продуцираната драма „Љубов“ на австрискиот режисер Михаел Ханеке (на насловната фотографија со Арнолд Шварценегер и Силвестер Сталоне) беше прогласена за најдобар странски филм.

Golden Globe Awards Los Angeles USA 2013 Jodie Foster

Награда за животно дело за Џоди Фостер

Двојна победа на доделувањето на Златниот глобус постигна филмот „Арго“, за американски киднапери во Иран. Филмот ја освои наградата за најдобра филмска драма, а Бен Афлек ја доби наградата за најдобар режисер.

Наградата за најдобар актер ја освои Даниел Деј-Луис кој настапи во фаворизираниот филм „Линколн“. Мјузиклот „Клетници“ ја освои наградата за најдобра филмска комедија или мјузикл, како и актерските награди за Хју Џекман, (главен актер во комедија или мјузикл) и Ен Хатавеј (споредна улога).

Ова беше ноќ на изненадување на второто најголемо холивудско доделување филмски награди по Оскарот, кој ќе се одржи на 24 февруари.

Секако, приказна на вечерта беше поразот на Стивен Спилберг со неговото остварување за борбата на американскиот претседател Абрахам Линколн околу укинувањето на ропството, кој беше номиниран во седум категории, како и триумфот на Бен Афлек во трката за најдобар режисер. Афлек е занемарен во истата категорија на доделувањето на Оскарите, објавено во четврток, иако „Арго“ е номиниран за најдобар филм.

Golden Globe Awards Los Angeles USA 2013 Jessica Chastain

Џесика Частејн

Доделувањето на Златните глобуси го организира Здружението на странски печат во Холивуд, кое искажа воодушевување од филмот на Квентин Тарантино „Џанго“, на кого му е доделена наградата за најдобро сценарио и за спореден актер на Кристоф Валц. Џесика Частејн неочекувано ја освои наградата за најдобра актерка во драмата „Операција Бин Ладен“. Џенифер Лоренс е најдобра актерка во комедија или мјузикл за „Во добро и во зло“.

Доделувањето го водеа актерките Ејми Пулер и Тина Феј. Актерката Џоди Фостер (50) ја доби наградата за животно дело и прв пат јавно призна дека е лезбејка, а на доделувањето се појави и некогашниот американски претседател Бил Клинтон кој претстави исечоци од „Линколн“.