1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Зимска бура на Блискиот Исток

Снег и студено време го погодија Блискиот Исток. Освен тоа бурите предизвикаа поплави и прекин на струјата во регионот. Повеќе илјади луѓе во Израел и натаму се без електрично напојување.

Седум степени Целзиусови се ниска температура. Особено е студено ако е тоа собна температура. Ако згора на тоа нема и струја или за загревање служи само едно електрична греалка, тогаш е уште постудено. Ова е случај во многу земји на целиот Блиски Исток, кои од средината на мината недела се соочени со студено време.

Во Израел викендов, поради снежни наноси дојде до проблеми со снабдувањето со електрична енергија, поради што многу домаќинства околу Ерусалим останаа без струја. Во пониските подрачја пак илјадници семејства беа изненадени од поплави. Како последица од невремето животот го загубија најмалку две лица.

Nahost Schnee syrische Flüchtlinge in Arsal Libanon

Сириските бегалци во Либан соочени и со студеот

До денеска (15.12) сѐ уште повеќе од 16.000 лица се без струја. Во соседниот Либан спасувачките служби ги расчистуваа улиците од снежните наноси. Во Каиро во меѓувреме се нормализира временската состојба - во текот на ноќта беа регистрирани само уште магла и слаби врнежи од дожд.

Зимската бура се погрижи и за хуманитарни гестови. Откако Израел уште во петокот го олабави ембаргото за испорака на гас, денеска повторно беше овозможен транспорт на гориво за единствената електрана во Појасот Газа, појасни претставник на владата на Палестинците. Електраната која околу 50 денови беше исклучена поради недостиг на гориво сега треба повторно да биде ставена во погон.

Луѓето во појасот Газа се посебно тешко погодени. Многумина живеат во куќи од лим, кои не можат да го издржат невремето. Поради тоа веќе 100 луѓе се повредени од нестабилните градби, додека 2.200 лица мораа да бидат спасени од поплавените куќи. Според податоци на локалните автономни области со кои раководи Хамас од поплавите се погодени 40.000 луѓе.