1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Зимата не попушта

Снежните врнежи, голомразицата и студот и натаму го отежнуваат сообраќајот, пред се‘ во северните делови на Европа. Невообичаено ниски температури владеат и во Флорида, во САД.

default

Колони возила на германските автопатишта

Студеното време и понатаму предизвикува проблеми во сообраќајот во делови од Европа.

Хаотична состојба владее и во северниот дел од Германија. Во покраината Мекленбург Предна Померанија на автопатот А20 околу двесте лица со часови беа заглавени со нивните возила во снегот се‘ додека во претпладневните чесови не беа ослободени од полицијата и спасувачките екипи. Драматична е ситуацијата и во покраината Шлезвиг Холштајн, каде што на некои места имаше снежни наноси во висина од неколку метри. Повеќе населби се отсечени од светот а беа прекинати и железничките линии. На најголемито германски аеродром во Франкфурт до претпладнето беа откажани 60 летови. Зимското невреме предизвика сообраќаен хаос и во Франција, северна Италија и источна Чешка. Во Велика Британија се измерени најниските температури во последните 30 години, невообичаени минус 14 степени. Невремето во Велика Британија беше причина за одложување на повеќе спортски настани, планирани за викендов. Потребата од гас за затоплување на домовите достигна рекордно ниво.

Студови и во САД

Студените воздушни маси, кои го зафатија поголемиот дел од Северна Америка, не ја поштедија ниту традиционално сончевата американска сојузна држава Флорида.

Winter Sturm USA

Невообичаено ниски температури во Флорида

Во Флорида денеска беа регистрирани температури до минус десет степени Целзиусови. Портпаролот на Националната метеоролошка служба изјави дека ова е мошне невообичаена појава за Флорида.

Најстуден град во САД беше Бисмар, во сојузната држава Северна Дакота, каде беше измерена температураод минус 30 степени.

Автор: ЖА/СН/ дпа/афп/миа