1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Зимата донесе загуби

Невообичаено острата зима во Германија не донесе само доцнење на возовите, зголемен број сообраќајни несреќи, туку и големи финансиски загуби. Економијата загубила околу две милијарди евра поради големите студови.

default

Снегот го ограничи движењето и на јавниот превоз во Берлин

Поради студената зима и невообичаените количества снег, германската економија во првото тромесечие од годината ќе расте побавно за околу 0,4 проценти, односно за 0,1 отсто на годишно ниво, вели Волкер Трир од Германската индустриска и трговска комора. Тој прецизира дека најголеми проблеми има градежништвото, кое нема да може во целост да ги искористи поволностите на владиниот економски пакет.

„Кога работите мора да се одложуваат или дури и да се откажат, тогаш е јасно дека тие во 2010 година нема да донесат пораст“, вели Трир. Според него, на растот негативно влијае и тоа што поради студовите растат и цените на нафтата, а тоа посредно влијае и врз куповната моќ на граѓаните.

Инаку, во текот на јануари годинава беа забележани за три степени пониски температури од вообичаените за овој период.

Лошото време ја зголемува и невработеноста

Со оценките на Трир не се согласува Хајко Штипелман од Здружението на германската градежна индустрија. Тој вели дека јануари е секогаш проблематичен месец за градежниците, но оти пропуштеното може да се надомести во текот на годината. Според проценките на Штипелман, владата нема да ја укине државната помош за проектите кои доцнат со реализацијата поради лошото време.

BdT Deutschland Winter Wetter Eis im Hafen von Wustrow

Бродови оковани во мраз

Но, и покрај оптимистичките прогнози, податоците покажуваат дека вкупно 56 проценти од градежните фирми ги прекинале работите во јануари годинава поради лошото време. Тоа е највисок процент од 1997 година досега.

Лошото време се чувствува и на германскиот пазар на работна сила. Во јануари осетно порасна стапката на невработеност за 0,8 отсто и таа сега изнесува 8,6 проценти. Статистиката би била и полоша, предупредуваат експертите, доколку околу еден милион вработени во 60 илјади фирми во моментот не работеа со скратено работно време, кај кое, разликата до целосната плата им ја надокнадува државата.

Автор: БГ/СН/дпа

Редактор: Жана Ацеска